Неколку грчки корисници покренаа кампања на Твитер (#freemenacius) со барање да се ослободи еден млад активист кој е уапсен додека известувал за ОмниаТВ од протестите во Атина на третата годишнина од убиството на 15-годишниот Александрос Григоропулос од страна на полицијата (на англиски). @menacius и другите уапсени се обвинети за кривични дела и наводно биле тепани по апсењето (на грчки).