- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија: Јавна дебата за Дауновиот синдром

Категории: Источна и Централна Европа, Македонија, Владеење, Граѓански медиуми, Здравје, Наука, Образование

Проф. д-р Владимир Трајковски блогираше [1] за јавната дебата за Дауновиот синдром [2], одржана во Скопје на 15 октомври пред преку 300 учесници, меѓу кои и хрватскиот амбасадор, но без поканетите локални политичари и државни функционери. Тој исто така објави и видео снимка од неговото кратко предавање [3] за неодамнешните научни откритија во оваа област на генетиката.