Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Грција: Солзавец под Акрополис

Финансиската криза кој ја зафати Грција, сега скоро, под Акропол на Атена, на 13 октомври, доведе до нови судири помеѓу работниците кои протестираа и полицијата, кога разгневената полиција пушти солзавец на работнците кои работат по договор за Министерството за култура и туризам и кои протестираа за исплаќање на нивните плати и добивање на постојани договори.  Протестантите се забарикадираа самите внатре во Акропол, која е најголема туристичка дестинација и претеа дека ќе го блокираат пристапот до крајот на месецот.

Граѓанските новинари беа отсутни од настанот, но едно аматерско видео од судирот ја заврши работата:

Реакциите од Твитер беа различни, бука од коментари од корисници кои гледаа како се развива настанот на ТВ.

Претходната година, министерот за заштита на граѓаните – кој сега е заменет –  вети да ги укине полициските хемикалии, ветување кое се уште треба да биде исполнето од владата.

Димитрис Тсигос беше уплашен од употребата на солзавец под „светата карпа“ и изјави:

Тоа е апсолутнo страшно и одвратно. Пуштање на солзавец на протест неколку метри од Пантеон, последното уточиште на древнаната историја. #ЕУ

Тој исто така определи добро познат слоган на Министерството за Култура и Туризам , кој стана предмет на многу шеги во последните неколку години:

Кампањата „Диши го воздухот на Грција“ е повторно активна. Сега живее на Акропол.

#СолзавецНаАкропол

Политикологот Кристос Валтадорс ги критикуваше работниците кои протестираа,

Συμβασιούχοι του Υπουργείου Πολιτισμού που δεν σέβονται τον Πολιτισμό…

Работници на Министерството за култура кои не ја почитуваат културата

…и адвокатот Џорџ Гианарос изрази сомнеж за нивните барања и избраниот начин на протестирање:

Ο ορισμός της δημοκρατικής διεκδίκησης: να αξιώνεις μονιμότητα στο Δημόσιο εκτός ΑΣΕΠ παράνομα και να αλλάζεις κλειδαριές στην Ακρόπολη. WIN

Дефиниција за демократски барања: да се бара илегално работење во јавна служба и да се заменат бравите на Акропол ПОБЕДА

Ексарви предложи понеуништувачки начини на протест,

Οι συμβασιούχοι που διαμαρτύρονται θα έπρεπε να κάνουν μια “θεαματική” διαμαρτυρία αφήνοντας όμως τους τουρίστες να μπαίνουν Ακρόπολη

Работниците по договор кои протестираат треба да направат „спектакуларен“ протест, но да им дозволат на туристите да влезат на Акропол

Филмскиот продицент Јанис Коутсомитис беше непоколеблив: 

Απαράδεκτο και αισχρό το να είναι απλήρωτοι. ΙΜΟ όμως η Ακρόπολη δεν κλείνει ποτέ, αλλά ποτέ. Για κανένα λόγο. Τέλος.

Навистина е мизерно и неприфатливо да бидат неплатени. Но, според мене, Акрополис никогаш, ама никогаш не треба да се затвори. За било каква причина, точка.

Невработниот новинар @The_Stranger_gr стоечки набљудувал дека протестите и полициското насилство станаа начин на живеење во последните години:

Ξυπνάς. Βλέπεις στην τηλεόραση μπάτσους να πετάνε δακρυγόνα και να κυνηγάνε διαδηλωτές. “Уште еден нормален ден во Атина“, σκέφτεσαι.

Вие се будите. Гледате полицајци на ТВ како фрлаат солзавец и бркаат протестанти „Уште еден нормален ден во Атина“, си мислите.

Несогласувајќи се со ваквата глетка, фотографот Крег Верлок ја обвини владата за непопустливост, на неговиот блог:

Уште еднаш надлежните имаат измешано индиферентност, некомпетентност и насилни реакции во еден насилен коктел, кој ги потврдува многуте лоши мислења на Грците за владата.

Наместо преговори и дискусија, беа користени палки и солзавец, со тоа распламтувајќи ја тензичната ситуација и испраќајќи порака на надворешниот свет дека Грција е ракетирана со насилнички конфронтации. Секако, ова не е случај, но со испраќање на такви слики, надлежните прават се што е во нивна сила да ја промовираат оваа идеја.

Блогерот кроткаја ја обвини државата за финансиско напуштање на арехеолошките места и  размилсуваше горко за модерното значење на културата:

Αν για μας ιστορία και πολιτισμός είναι καλά για τα μουσεία και τα σχολικά εγχειρίδια και η ζωή μας είναι αλλού, τότε προφανώς αποτελούν προσβολή οι συμβασιούχοι που διαμαρτύρονται στην Ακρόπολη, το πανώ του ΚΚΕ στον Παρθενώνα ή το φώτοσοπ του Focus. Τι μας θυμίζει άλλωστε αυτό το συγκεκριμένο μνημείο: το μέτρο της Αρχαίας Αθήνας, την ισορροπία, τη λογική, το δημοκρατικό πολίτευμα. [..] Αν το βλέπεις έτσι το μνημείο, ζωντανό, παλλόμενο, αναπνέον -τότε μάλλον θα κατάλαβες πως το έπιασε δύσπνοια όταν του έριξαν χημικά οι μαντραχαλάδες [..] Δεν είναι σήμερα που συνέβη η αμαύρωση του πολιτισμού στην Ελλάδα: αυτό που συνέβη σήμερα ήταν το κερασάκι στην τούρτα της πολιτικής υπονόμευσης και σαμποτάζ του πολιτισμού, που επικρατεί εδώ και πολλά χρόνια

Ако ја гледаме историјата и цивилизацијата како единствено добро за музеите и школските книги, а нерелевантни за нашите животи, тогаш очиглено е дека работниците кои протестираат и комунистичките знамиња на Акропол, а и Фокус фото монтажата не навредуваат. [..] Што симболизира овој споменик, секако: мерка на Стара Атина, баланс, логика, демократија. [..] Ако го перцепирате споменикот како така, како да живее, пулсира, диши, тогаш сигурно сфаќате зошто се загуши од солзавецот. [..] Грчката цивилизација не беше осквернета денес; што се случи беше шлаг на тортата на политички субверзии и саботирање на цивилизација, кои се случуваат повеќе години

Сотрис Кукиос немаше лесни одговори, само прашања кои го засегаа јавниот живот повеќе години:

μέχρι που φτάνει το δικαίωμα της διαμαρτυρίας; Υπάρχουν όρια τελικά; Θα βοηθήσει ως πίεση η προβολή διεθνώς των διαμαρτυριών; Θα βελτιώσει σε κάτι τις ζωές όλων μας αλλά ιδιαιτέρως αυτών που διαμαρτύρονται;

Ποιο είναι το όριο της αντίδρασης της κυβέρνησης; ειδικά όταν το δημόσιο έχει άδικο και δεν έχει πληρώσει τους ανθρώπους επί τόσο μεγάλο χρονικό διάστημα; Η απάντηση είναι τα ΜΑΤ; Και η σύγκρουση με τέτοιο τρόπο αποτελεί κατά την κυβέρνηση λύση; Βελτιώνει σε τίποτε την θέση της διεθνώς; Βελτιώνει σε τίποτε την οικονομική κατάσταση της χώρας;

Каде завршува правото на протест? Дали има граници? Дали вниманието на глобалните медиуми на овие протести, помага да се стави притисок врз владата?

Каде е границата на одговорот на владата, особено кога државата греши и ги нема исплатено овие луѓе за толу долг период? Дали разгеневени опсади се одговорот? И дали ваквиот вид на конфликт е решение?  Дали со тоа се подобрува нејзината меѓународна положба? Дали тоа ја подобрува финансиската ситуација воопшто?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.