Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Истражување, имплементација и влијание, дали е корисно тоа што го истражуваат универзитетите?

Коментар за тоа дали популацијата ги цени истражувањата спроведени од универзитетите, го поттикна членот на академската заедница Цезар Вилориа да ја расветли оваа проблематика на неговиот блог.

Околу истражувањата, мораме да знаеме дека се поделени во две гранки: базични истражувања и апликативни (акциони) истражувања. Првите го зголемуваат или креираат знаењето, како и го развиваат и модифицираат веќе постоечкото знаење. Од друга страна, акционите истражувања се фокусираат на апликацијата и корисноста на овие знаења врз популацијата. Исто така постојат и разлики во долгорочноста, првите имаат долгорочни резултати и последици додека вторите покажуваат среднорочни резултати.

Можеби сега си мислите, што е со сите оние формули со невозможни броеви? Блогот има одговор и за ова прашање:

Encontramos una gran cantidad de elementos en estos artículos que pueden dificultar la lectura si lo que queremos saber es “de qué trata” pero servirían de gran ayuda si somos investigadores relacionados con el tema y queremos saber el “cómo lo hicieron”. Sin embargo, generalmente en la introducción y las conclusiones de estos textos es posible comprender una idea general del “para qué sirve”.

Наоѓаме неколку елементи во овие предмети кои можат да ги направат тешки за читање, доколку сакаме да знаеме „за што се работи“, но тие ќе бидат многу корисни доколку ние како истражувачи се инволвираме во темата и сакаме да дознаеме „како го направиле тоа“. Сепак, вообичаено, во воведите и заклучоците на ваквите текстови, можно е да се разбере генералната идеја „за што служи ова“.

За повеќе информации, Унихорте лансираа програма наречена Науката на дофат, со цел да направат сите ние да се почуствуваме како дел од научната заедница.

Можете да го следите Цезар Вилориа Њуњез на Твитер.

Овој пост е дел од дваесет и шестиот #LunesDeBlogsGV (Понеделник на блогови на ГВ) на 27ми октомври, 2014.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.