- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Доминиканската Република прогласена за виновна за дискриминација на Хаиќаните

Категории: Кариби, Латинска Америка, Доминиканска Република, Граѓански медиуми, Етничка припадност и раса, Закон, Меѓународни односи, Човекови права

Според извештаи од шпанскиот весник El País, интерамериканскиот Суд за човекови права (CIDH) ја прогласи за виновна [1] [шпански] Доминиканската Република за дискриминација на Хаиќаните и нивните потомци родени во државата во гласање во среда, 22ри октомври. 

Судот за човекови права, CIDH, кој се наоѓа во Сан Хозе, Коста Рика, пресуди дека доминиканската влада го прекршила правото на државјанство на стотици илјади потомци на доселеници што произлезе од одлуката на Уставниот суд [2] на Доминиканската Република во 2013, која прогласи дека сите потомци на нелегалните имигранти од 1929 па до денес, се странци, одлука која влијае на неколку генерации. 

Судот за човекови права (CIDH) нареди на доминиканската влада да направи репарација и да ги укине сите регулативи кои арбитрарно ги лишуваат личностите од неговото или нејзиното право на државјанство.