Доминиканската Република прогласена за виновна за дискриминација на Хаиќаните

Според извештаи од шпанскиот весник El País, интерамериканскиот Суд за човекови права (CIDH) ја прогласи за виновна [шпански] Доминиканската Република за дискриминација на Хаиќаните и нивните потомци родени во државата во гласање во среда, 22ри октомври. 

Судот за човекови права, CIDH, кој се наоѓа во Сан Хозе, Коста Рика, пресуди дека доминиканската влада го прекршила правото на државјанство на стотици илјади потомци на доселеници што произлезе од одлуката на Уставниот суд на Доминиканската Република во 2013, која прогласи дека сите потомци на нелегалните имигранти од 1929 па до денес, се странци, одлука која влијае на неколку генерации. 

Судот за човекови права (CIDH) нареди на доминиканската влада да направи репарација и да ги укине сите регулативи кои арбитрарно ги лишуваат личностите од неговото или нејзиното право на државјанство.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.