По превземањето на власта со државен удар на 22 мај 2014, тајландската воена хунта се обидува да го остави својот белег и на образованието во државата, поттикнувајќи значајни критики од студентите и професорите.
Неодамна хунтата бараше помнење и рецитирање на „12 вредности“, серија изјави кои промовираат почит кон авторитетите и кои го ставаат националниот интерес пред личниот. Овие вредности за првпат се појавија во изјава на 11 јули 2014, од тогашниот генерал Прајут Чан-оча, како дел од програмата „Враќање на среќата кај народот“. Широките изјави исто така вклучуваат и политички ветувања, како на пример, намалување на сиромаштијата.
Како надополнување кон тоа што студентите мораат да кажат, хунтата исто така прогласи и што студентите не смеат да кажат: било каква критика за хунтата. Новото правило исто така им забранува и на професорите да учествуваат во, или да одржуваат, политички протести или дискусии. Официјалниот декрет од Канцеларијата за основно образование на Тајланд има за намера, како што е објавено, да го „поттикне помирувањето“.
Задолжителното рецитирање на вредностите и забраната на критичкиот говор е дел од поголемата цел на учење на „вистинска демократија“ од хунтата. Програмата налага користење на учебник по историја во кој е отстрането името на демократски избраниот премиер Таксин Шинаватра. Таксин има статус на контроверзна фигура во државата. Неговите противници го обвинуваат за корупција за време на мандатот, додека неговите поддржувачите укажуваат на преполовувањето на стапката на сиромаштија во Тајланд и намалувањето на јазот во приходите — достигнувања за кои сега хунтата тврди дека им припаѓаат ним. Со доаѓањето на власт, хунтата собори уште еден демократски избран лидер: помладата сестра на Таксин, Јинглук Шинаватра.
Покрај ризикот од граѓанска непослушност, граѓаните на Тајланд се свртеа кон социјалните мрежи, како место за изразување на нивните грижи. Активисти од групата Ослободување на образованието во Сијам започнаа петиција на Change.org барајќи од владата да го укине мандатот за рецитирање на 12 вредности. Петицијата е промовирана на Твитер:
ร่วมกันลงชื่อ ยกเลิก ค่านิยม 12 ประการ http://t.co/Lio0cDdlBS
— Abang Yeed (@AbdulMayeed) 21ви октомври, 2014
Придружете се на петицијата да ги сопреме 12 вредности
Забраната за критика на универзитетскиот кампус наиде на осуда од неколку тајландски дописници, како што е Бангкок Пундит, кои неодамна направија принудна пауза од активностите која делумно се должи на политички притисоци. Уредувањето на учебниците наиде на големо внимание од Њујорк Тајмс како и тајландскиот Прачтатаи во септември, што ја натера хунтата да објави дека нема официјална политика за отстранување на името на Таксин, но не понудија никакво објаснување за причините на веќе направените измени. Потегот продолжува да се здобива со критики од групите за заштита на човековите права како што е Амнести Интернешнал.
#Тајландската владеачка хунта ги избриша сите споменувања на бившиот Премиер Таксин од учебниците http://t.co/bPwq2b5JZl
— amnestypress (@amnestypress) 16ти септември, 2014
#Тајландската владеачка хунта ги избриша сите споменувања на бившиот Премиер Таксин од учебниците http://t.co/bPwq2b5JZl