Грција беше вовлечена во кавга поради насилствата при апсењата на мигранти и лицемерството на новата социјалистичка влада при исполнување на ветувањата за реформи во полицијата. Два дена пред Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, инцидент на полициска бруталност против мајка-мигрант и нејзиното дете во Атина, предизвика бура од протести што доведе до нови владини ветувања за полициски реформи.
Фотографот, новинар и блогер Крег Верлок, преведе од извештаите на грчките медиуми:
35-годишна Ерменка беше тепана, врзанa со лисици и приведена пред очите на нејзиното 2-годишно дете […] во Атина минатиот четврток [..] Кога таа посегна да ја земе количката за нејзиното дете, тие ја зграбија, ја турнаа на земја удирајќи ја со клоци и тупаници верувајќи дека таа се противи на приведувањето. Беспомошната мајка беше врзана со лисици и со нејзиното дете, однесена во полициската станица Свети Пантелејмон каде што беше држена 4 часа.
Инцидентот брзо беше објавен на Twitter од Cyberela:
«Νταήδες» αστυνομικοί ξυλοκόπησαν 35χρονη http://www.enet.gr/104685 (via @enetgr) @chrisochoidis Τί θα κάνετε γι αυτό;
Министерот за заштита на граѓаните Михалис Крисохоидис беше претрупан со барања да преземе акција. На Twitter vivian_e рече:
@chrisochoides Υπουργέ, δεν πάει άλλο η κατάσταση με την αστυνομική βία. Πρέπει να υπάρξουν παραδειγματικές τιμωρίες. Άμεσα
Половина час по првата објава на Twitter, кабинетот на министерот за првпат одговори директно на Twitter:
@Cyberela @diakoptis @teacherdude @asteris @magicasland μετά την καταγγελία της 36χρονης η ΓΑΔΑ διέταξε Ένορκη Διοικητική Εξέταση
… на што vivian_e одговори
@chrisochoidis Θα σας ρωτάμε κάθε μέρα για την πορεία της ΕΔΕ.
Подоцна, министерот изјави дека полицајците одговорни за инцидентот ќе бидат отпуштени и иницираше јавна дебата за создавање на посебна канцеларија за следење на инцидентите со полициската злоупотреба.
1 коментар