На 31. октомври, повеќе кинески портали ги објавија вестите: Корејскиот професор Женг Заишу од Ехва Универзитетот, тврдеше дека, наспроти општото верување, кинеската митологија всушност воглавно потекнува од Кореја. Неговата теорија се темелеше на тоа што многу Богови споменати во кинеската митологија, легендите за планините и езерата, може да се видат на фреските на Гогурјео.
Под текстот, веб сајтовите прикажаа листи на кои се набројани културните контроверзии околу Кина и Кореја, од 2005 година наваму, вклучувајќи ги и контроверзиите околу фестивалот на бродскиот змеј, потеклото на печатењето (едно од 4те големи откритија на Кина) и традиционалната кинеска медицина.
Наскоро, кинеската блогосфера започна да протестира против оваа теорија. На 163.com, над 3000 одговори го критикуваат проф. Женг Заишу. Повеќе од половината ја прекорија Кореја како земја која се самопотценува и се обидува да најде утеха измамувајќи се и крадејќи култура од својот сосед Кина. Многу нетизени ја напаѓаат идејата на професорот, тврдејќи дека Корејците потекнуваат од Кинезите. Најцитираниот коментар, метафора која се однесува на пластичната хирургија, директно ја презира Кореја. Бидејќи најголем дел од коментарите беа навредливи, нетизен од Кореја (локацијата е покажана на веб-сајтот) ги замоли кинеските нетизени да не го злоупотребуваат, но наскоро беше поттиснат од стотина страници за дискусија. Во една анкета на 163.com, 1960 луѓе гласаа за опцијата дека Кореја е „мала земја со провинциски луѓе”, додека 1244 сметаат дека „Би било подобро ние Кинезите да си ја спасиме сопствената култура, отколку да се расправаме со другите“.
(За да се избегнат натамошни дебати ниту еден коментар не е директно цитиран)
Напишано од Боб Чен.