- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Исланд тагува откако полицијата уби човек за прв пат

Категории: Исланд, Владеење, Граѓански медиуми, Закон
Police in Reykjavik, Iceland [1]

Полиција во Рејкјавик, Исланд. Фотографија на Кристофер Портер на Flickr (CC BY-NC-ND 2.0)

Овој напис и радио извештајот на Трачи Тонг за The World првично беа објавени на PRI.org [2] на 3 декември 2013 година, сега се реобјавуваат како дел од склучен договор за споделување на содржината.

Тоа беше главен наслов низ медиумите изминатата недела во Исланд – човек убиен од страна на полицијата. 

„Нацијата е шокирана. Ова не се случува во нашата земја“, изјави Тора Арнорсдотир, уредник на вестите во RUV, исландскиот национален радиодифузен сервис.

Изјавата се однесува на 59-годишниот кој беше застрелан од полицијата минатата недела. Човекот, кој прв пукал на полицијата кога тие пробале да влезат во неговата зграда, имал историја на ментални заболувања. 

Ова е прв пат некој да биде убиен од вооружена полиција во Исланд откако Исланд стана независна република во 1944. Вообичаено, полицијата не ни носи оружје со себе. Насилен криминал во Исланд скоро и да не постои. 

„Нацијата не сака нивната полиција да носи оружје со себе затоа што е опасно и делува заканувачки“, вели Арнорсдотир. „Тоа е дел од културата. Пиштолите се користат кога одиш на лов како спорт, инаку никогаш не може да се види пиштол.“

Всушност, Исланд не е анти-пиштоли. Во однос на бројката на поседувани пиштоли по глава на жител, Исланд е рангирана 15та во светски рамки. Сепак, овој инцидент е толку редок што соседите на човекот кој беше застрелан целата ситуација ја споредуваа со сцена со пукање од американски филм.

Исландската полицијата изјави дека полицајците кои беа вклучени во инцидентот ќе посетуваат советувања за луѓе кои тажат. Полицијата веќе се извини на семејството на починетиот – иако не нужно, бидејќи полицијата не направила ништо погрешно.

„Мислам дека е учтиво,“ вели Арнорсдотир, „затоа што никој не сака да одземе нечив живот.“

Сеуште остануваат прашања кои треба да бидат одговорени, вклучувајќи го и прашањето зошто полицијата најпрвин не пробала да преговара со човекот пред да проба да влезе во зградата. 

„Дел од добрите работи од живеењето во оваа земја е дека можеш да влезеш во парламентот и единственото што ќе те прашаат е да го исклучиш својот мобилен телефон, за да не ги вознемириш пратениците додека зборуваат. Ние немаме вооружени чувари кои го следат нашиот министер или претседател. Тоа е дел од добрата страна од живеењето во мирно општество. Не сакаме да го смениме тоа.“