- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Бугарски активист штрајкува со глад против државен монопол

Категории: Источна и Централна Европа, Бугарија, Владеење, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Економија и бизнис, Закон, Протест

На 1 декември, Чавдар Јанев постави шатор пред Бугарскиот Врховен судски совет во Софија и започна штрајк со глад во знак на протест против судскиот систем што дозволува тужбите на граѓани против државни институции да се влечат со годоини. Дури и децении: Јанев и неговата сопруга, Латинка Георгиева, скоро 12 години [1] (на бугарски) водат правна војна против Топлификација [2], државен монопол што обезбедува греење за населението.

На 4 декември се организираше флешмоб во знак на солидарност со Јанев, организирана преку групата на Фејсбук „Ние сме против високи цени на струја [3]“ (со над 3.000 членови).

[4]

Овој постер со кој луѓето се покануваат на флешмобот, го споделија над 2.060 корисници на Фејсбук.

Многу од поддржувачите на настанот се дел од групата на Фејсбук „Сапротива [5]“ („Отпор“), со над 12.000 членови. Понова група, наречена „Поддршка за граѓанската непослушност на Чавдар Јанев [6]“ сега има над 1.170 членови во моментот на преведувањето на постов.