Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Бугарски активист штрајкува со глад против државен монопол

На 1 декември, Чавдар Јанев постави шатор пред Бугарскиот Врховен судски совет во Софија и започна штрајк со глад во знак на протест против судскиот систем што дозволува тужбите на граѓани против државни институции да се влечат со годоини. Дури и децении: Јанев и неговата сопруга, Латинка Георгиева, скоро 12 години (на бугарски) водат правна војна против Топлификација, државен монопол што обезбедува греење за населението.

На 4 декември се организираше флешмоб во знак на солидарност со Јанев, организирана преку групата на Фејсбук „Ние сме против високи цени на струја“ (со над 3.000 членови).

Овој постер со кој луѓето се покануваат на флешмобот, го споделија над 2.060 корисници на Фејсбук.

Многу од поддржувачите на настанот се дел од групата на Фејсбук „Сапротива“ („Отпор“), со над 12.000 членови. Понова група, наречена „Поддршка за граѓанската непослушност на Чавдар Јанев“ сега има над 1.170 членови во моментот на преведувањето на постов.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.