
Глетка од воздух над лажното гето во Емоја. Фотографија: http://www.emoya.co.za/
Eмоја приватниот резерват за игри, конференциски и спа центар во Блумфонтејн, Јужна Африка, создаде лажно гето за богатите туристи да искусат живот во гетото „во безбедна околина на приватен резерват за игри“. Воведот за лажното гето вели:
Милиони луѓе живеат во неформални населби ширум Јужна Африка. Овие населби се состојат од илјадници куќи кои исто така се нарекуваат колиби, шанти или макхукус. Шанта е обично составена од брановидни железни листови или било кој друг водоотпорен материјал кој е изграден на начин со кој се формира мала „куќа“ или засолниште каде може нормално да се живее. Парафинска ламба, свеќи, радио на батерии, надворешен тоален и буре каде се пали оган за готвење, се нормално дел од овој начин на живот.
Сега може да искусите престој во шанта во рамките на безбедна околина на приватен резерват за игри. Ова е единствениот град со шанти опремен со подно греење и пристап до безжичен интернет!
Подолу е снимка од лажниот шанти град објавена на Јутјуб од Емоја:
Повеќето луѓе онлајн ја опишаа идејата како без вкус и срамна. Сиџи Џабар, кој пишува на Ова е Африка, вели:
Ако мислевте дека идејата за богати туристи на одмор кои се шетаат или јаваат на тура низ гето со цел да зјапаат во жителите на гетото како да се животни на сафари е невкусна, бесчувствителна и навредлива, луѓето во Емоја луксузниот хотел и спа во Блумфонтејн, Јужна Африка, најдоа начин да понудат нешто со уште помалку вкус.
Ако не сте слушнале, луѓето од Емоја изградија лажен шанти град кој се состои од „бараки“ за гостите да можат да искусат како е да се престојува во шанти град. За 850р (60€; $82) – речиси половина од просечната плата во Јужна Африка – вие и тројца пријатели, членови на семејството или колеги може да поминете ноќ во колиба направена од брановидни железни листови. „Шанти градот“ има место за 52 гости. Не се шегувам.
Сиџи објасни зошто идејата е навредлива:
Постојат милијарда луѓе во светот кои живеат во гета, и ако треба да погодувам би рекол дена ниту еден од овие милијарда би продолжил да живее на тој начин доколку имал избор. Изборот е причината зошто идејата за „искусување“ е комплетна глупост.
Доколку мора да живеете во колиба изградена од картон и зарѓани метални листови, вие сте, релативно кажано, сиромашни, а сиромаштијата значи немање избор. Поради несреќа од раѓањето, се наоѓате како растете и живеете во колиба во шанти град. Тоа не е морален неуспех, иако некои луѓе се чини дека така го гледаат, туку за личноста која живее во колиба се чини како неуспех, главно поради пораката која ја пренесува општеството. […] Се работи за секојдневна борба за задржување на достоинството, додека другите, свесно или ненамерно, се обидуваат да ви го одземат. Се работи за постојана грижа: дали ќе имате доволно храна утре? Следната недела? Дали може да си дозволите да се разболите, и што ќе се случи доколку се разболите? Дали вашата колиба ќе биде демолирана утре наутро бидејќи е изградена „нелегално“, а вие ќе останте бездомни? Не може да искусите ништо од тоа, освен доколку навистина сте сиромашни, а од сиромаштијата не може да си заминете, или од вашата колиба, преку ноќ или за една недела кога ќе ви здосади „искуството“. Па, се што било кој гостин во некоја од овие „колиби“ ќе искуси е само уште една ноќ на кампување.
Коментирајќи на објавата на Сиџи, Кети Смедли смета дека идејате е едноставно глупава:
Ова е едноставно глупаво!!! Што по ѓаволите не е во ред со генијот на кој му текна толку лоша непромислена идеја. Дали не знаат дека ова е исмевање на луѓе кои мораат да живеат вака не по нивен избор? Многу невкусна идеја, исто како и идиотите кои всушност би платиле за да престојуваат во нешто како ова место. Доколку некој сака да плати за да престојува во шанта, нека престојува во вистинска, па тогаш можеби ќе си ги земат парите и ќе ги употребат во добра цел, како што е донирање во добротворни цели или центар за бездомници кои може да ги искористат парите за да им помогнат на оние помалку среќните.
Уште еден читател, кениски жител на гето, посочи што недостасува на идејата:
Им недостасува шлагот на тортата, КРИМИНАЛОТ

Лажно гето направено од брановидни железни листови. Фотографија: http://www.emoya.co.za
„Срамота, срамота за Емоја“, вели Хедер Ланинга:
Никогаш не сум видела шанта со душек и кревети на спрат, или толку добро изградена. Ова е апсолутно невкусно и бесчувствително. Срамота, срамота за Емоја. Се надевам дека 100% од профитот оди за НВО за помаѓање на сиромашните!
Сепак, Дирк Пиетерс мисли дека идејата е одлична:
Ова е одлична идеја.
Не судете толку брзо. Живеењето во колиба ги има сите оние лоши работи кои ги споменавте но исто така има срце и душа на гратче кое нема да го најдете на друго место, особено во оние вообразени бели предградија каде никој не игра на улиците и никој не зборува со своите соседи.
Многу од овие колиби кои ги осудувате дека се ужасни, се резултат на прекрасен труд, декорирани и одржувани со гордост и љубов
Мислам дека Шик колиба (Shack Chic) е одлична книга која покажа страна на Јужна Африка која ме направи горд.
ONE, движење на луѓе ширум светот кои се борат со апсурдот на екстремната сиромаштија, објави напис за лажното гетп на нивната страница на Фејсбук и праша, „Што мислите за ова?“
Одговарајќи го прашањето, Селина Даун Кајл помисли дека идејата може да помогне психолошки:
Всушност… доколку правилно се изведе… може психолошки да помогне… тажната вистина е дека повеќето луѓе не можат да разберат како им е на другите се додека не се стават на нивно место… само не ставајте машини со чоколатца ок? Нека биде реално. Сакаат да видат, оставете ги.
Филомена Елизабета Хол е скептична:
Навистина добра поента, но се прашува дали навистина ќе помогне психолошки? Еден од најтешките товари на ум е недостатокот на надеж, луѓето живеат и умираат во колиби, а тие богати туристи знаат дека ќе излезат – оние родените таму можеби имаат малку надеж дека било кога ќе излезат.
Идејата би била брилијантна, нагласи Сју Хендерсон, доколку е за едукативни цели:
Доколку беше наменета за едуцирање на луѓето, тогаш да, би била брилијантна, но тие ќе имаат греење, соодветна бања итн, така што, не. Како што вели написот, дури и да сте турист кој некое време живее во вистински шанти град, нема да биде исто, бидејќи може да избегате од таму кога и да посакате. Луѓето кои навистина живеат таму многу ретко ја имаат таа можност.
Одамна веќе не ме изненадува ароганцијата и бесчувствителноста на богатите луѓе.
Јан Зи советува:
Овие богати туристи треба да живеат во вистинско гето, со вистинско семејство, најмалку една недела. Да јадат што тие јадат, да живеат како тие живеат, да собираат како што тие собираат, да носат она што тие носат, да лежат во нивните бубачки, итн. Тогаш ќе го стекнат вистинското искуство и можеби навистина ќе направат нешто за да помогнат.
Елиса Питон Шук забележа:
Сиромаштија за забава – нов пад за сигурно!! Одвратно.
Африканскиот план за економски развој праша на неговата страница на Фејсбук, „Како се чувствувате во врска со ова? Лажно гето за богати туристи.“ Зита Бет одговори:
Толку е тажно што парите можат да купат дури и гето. Богатите луѓе мразат да се справуваат со реалноста на другите луѓе, па создаваат фасада на реалност.
Категории

Најнови написи од Супсахарска Африка
Започни ја конверзацијата
Категории
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!