Оваа статија е дел од нашата специјална репортажа Европа во криза.
Веќе некое време граѓаните се запознаени со кризните извештаи во врска со Еврозоната и Европската Унија. Земајќи ги предвид често споменуваните сценарија за судниот ден речиси е и зачудувачки фактот што Еврозоната се уште брои 17 земји членки, а и граѓаните од кризно-опустошената Грција се уште плаќаат во евра.
Единаесет фондации во Германија – партнери на коалицијата „Обврзани Европјани“ – фокусирани се на тоа да ја претстават Европа во позитивно светло со цел да ги побијат овие негативни гласови. Кампањата “Ich will Europa” (Ја сакам Европа) се обидува на некој начин да ги промовира предностите на Европа и успеа да убеди неколку познати и видни Германци од политичките, спортските, културните и општествените сфери да ги промовираат позитивните страни на европската интеграција. Покровител на кампањата е германскиот претседател Јоаким Гаук.
Ich will Europa се обидува да ја постигне оваа цел на вообичаен начин, но и преку социјалните медиуми. Сепак еден поглед фрлен во социјалните медиуми покажува дека не наидува на позитивен одзив. Критички настроени коментари ја преплавуваат страницата на Фејсбук на Ich will Europa жалејќи се на технократска, недемократска, далечна-на-граѓаните Европска Унија (ЕУ).
И на Твитер можат да се најдат многубројни негативни гласови: Имануел Голдштајн ја изрази популарната опомена дека Европа и Европската Унија не треба да се поистоветуваат со Еврото:
@Silberstreiff: Der Euro hat nichts mit der europäischen Vielfalt zu tun, die gab es vorher auch schon !!#ichwilleuropa
Даниел Ринов негодува во врска со тоа колку им е далечна ЕУ на нејзините граѓани:
@DanielRhinow: #IchwillEuropa Ja,aber es soll ein Europa der föderalen Vielfalt sein, ein Europa von Marktwirtschaft und Demokratie, ein Europa der Bürger.
Корисникот на Твитер @kosmopolit регистриран дури под името @ichwilleuropa, бидејќи организаторите и зачетниците на кампањата очигледно не успеале да се вклучат во дискусијата преку Твитер:
@kosmopolit: so habe jetzt @ichwilleuropa registriert. Mal schauen wie lange die Kampagne für eine email braucht. Was sollen wir twittern? #ichwilleuropa
Бернд Хитеман се подбива со овој пропуст на Твитер:
@huettemann: #ff @MercatorDE @BoschStiftung @Blumberry како поттик за храброст да ја започнат кампањата #ichwilleuropa без помош од Твитер & @ichwilleuropa
Има и позитивни реакции на Твитер, како онaa на Михаел Тим, меѓутоа тие се помалкубројни:
@michael_thim: Ја сакам #Europa. bit.ly/P2SKuA #ichwilleuropa
Блогерот Ерик Б. ја обвинува кампањата “Ich Will Europa” за изедначување на Европа со ЕУ и има доста негативен став во врска со ова видео кое што содржи обраќање од страна на германската канцеларка Ангела Меркел:
Daneben ist vor allem das Merkel-Video, das einen beim ersten Klick auf die Homepage anfällt (siehe oben). Daneben ist auch der Spruch, denn die EU ist nicht Europa, und die Eurozone schon gar nichta. Daneben ist schließlich das Timing: Die Initiative legt genau an dem Tag los, da Merkels Regierung die Weichen für einen Rausschmiss Griechenlands stellt (auch wenn die Kanzlerin das Gegenteil behauptet).
Беатрикс фон Шторч пишува на блогот Die freie Welt:
EUROPA braucht keine Werbemillionen. EUROPA hat kein Akzeptanzproblem. EUROPA ist in bester Ordnung. EUROPA- das sind etwa 50 Staaten. 27 davon sind in der EU. Und 17 davon leisten sich den Euro. Und diese 17 haben ein Problem. 17 von 50. Das ist nicht EUROPA!
Ich will Europa е поддржано од многубројни големи медиумски куќи. Направени се неколку видеа со висок квалитет и тие можат да бидат видени на YouTube. Како што покажуваат коментарите на Јутјуб, Фејсбук и Твитер, кампањата се соочува со многу спротивни мислења на социјалните медиуми. Многу од нив се чини дека не сакаат да ја поистоветуваат Европа со Еврозоната или пак со целокупната сегашна ЕУ.
Оваа статија е дел од нашата специјална репортажа Европа во криза.