Индија: Дали препраќањето на е-пошта е незаконско?

Индискиот кибер закон беше подложен на контроверзии поради неговата злоупотреба. Моитху (47), државен службеник во индиската република Керала, беше уапсен поради препраќање на е-пошта со шега за изборниот дебакл на владејачката КПМ (Комунистичка партија – Марксисти) на неколку негови пријатели. На последните локални избори во Керала, комунистичката влада доживеа голем неуспех.

Сими Назарет известува:

Во Керала беше уапсен еден обичен граѓанин, (г-дин. Моитху) поради препраќање на е-пошта која содржела постер. На сликата на постерот бил познат политичар (г-дин. Пинараи Виџајан) заедно со дијалог од стар филм на малавајански јазик „Сандесхам“. Кривичното дело за кое се товари сторителот е дека го избришал делот каде пишувало „ова е шега“ и го препратил на неколку негови пријатели.

По директната жалба од г-дин. Пинараи Виџајан, кој е секретар на владејачката партија КПМ (Комунистичка Партија – Марксисти), полицијата реагираше и го уапси г-дин Моитху. Тврдиот диск од неговиот компјутер беше запленет. Тој е ослободен со кауција, но засега нема информации за повлекување на жалбата па судската постапка ќе продолжи.

„Што погрешив? Само препратив една комична е-пошта која ја добив во моето поштенско сандаче.“- приговараше г-дин Моитху. Очигледно владејачката партија не е импресионирана. Многу во партијата го делат мислењето дека ова не треба да се третира како шега туку како клевета.

Моитху, жител на Кутипурам во областа Малапурам ја примил пораката од Хамса, роднина од Барселона кој ја примил од just4ajoke@gmail.com. Моитху беше гонет кривично со став 66(А) од изменетиот ИТ Акт од 2008 год. со кој секоја порака со навредлива содржина (клевета) е казнива (затворска казна до 3 години, парична казна од 100.000 индиски рупи).

Но сепак Ignorantia Juris Non Excusat (непознавањето на правото не е изговор) ја оправдува постапката на полицијата бидејќи Моитху бил должен да ги провери фактите пред да ја препрати пораката.

Каипали даде коментар:

Спречувањето на критикувањето го одразува недостатокот на довербата во водството. Тоа е предзнак за тоа каква ќе стане нашата нација ако биде оставена на закоравени аристократи од водството на комунистичката партија од 19 век.

Сими Назарет додава:

Лошата страна на оваа законска постапка е тоа препраќањето на интернет шеги ќе стане многу оскудно. Постапките како оваа ќе доведат до страв кај граѓаните да ги критикуваат политичарите. Според измените во индискиот ИТ закон во 2008 год. секое предизвикување на непријатности и вознемирување на друга личност може да биде основа за кривична постапка. Овие клаузули беа искористени во случајот споменат погоре. Последиците од користењето на овој закон за правни постапки од страна на важен политичар се од голема важност. Можеме само да се надеваме дека другите политичари нема да го користат неговиот модел и дека нема да го искористат законот, за потиснување на сатирата и несогласувањето против нив, на интернет.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.