Иранската влада го има приматот во светот не само кога станува збор за кривичното гонење на блогерите, туку и кога се работи за поставување на нови светски рекорди. Овие варираат од првиот притворен блогер во светот, до првиот блогер кој умира во затвор. За жал, беше додаден нов рекорд на листата на иранските репресивни достигнувања: Најмладиот блогер притворен и изведен на судење.
Новинари без граници (RSF) пишуваат дека 18 годишниот Навид Мохеби – најмладиот приведен блогер во светот, моментално, зад затворени врати е изведен пред револуционерниот суд во северниот град Амол. Присуството на неговиот адвокат на судењето, кое започна на 14 ноември, не е дозволено. Според НБГ (Новинари без граници), Мохеби е обвинет за „активности спротивни на националната безбедност“ и „навреда на основачот и сегашниот лидер на Исламската Република со помош на странски медиуми.“
„Промена за еднаквост“, веб локација на која се поддржуваат правата на жените беше изјавено дека повеќе од 250 блогери и активисти за правата на жените и граѓански права бараат итно и безусловно ослободување на Навид Мохеби.
Како млад блогер, Навид го споделува неговиот живот и идеи на неговиот блог. Во 2009 год. тој пишуваше за спортот, одењето на училиште и дури за мала операција на неговиот нос. „Има мала девијација, но може да стане малку поубав.“ Навид напиша дека тој и неговите пријатели учеле напорно за приемните испити за факултет и дека чита книги за детската непослушност, демократија и Вториот Пол од Симон Бевуар.
Тој беше примен на техеранскиот универзитет „Азад“ на студиите по политички науки.
Сега е држен во јавниот оддел од затворот во градот Сари.
Во март 2009 година, Навид го напиша следново на својот блог:
…управата за разузнавање од Амол се јавувала на мојот татко и ми се заканувала. Овие јавувања не се законски. Безбедносните сили во сите земји треба да ги заштитуваат граѓаните, но тука тие го прават спротивното.
Во еден натпис од претходната зима, Навид напиша дека бил уапсен на улица без никаква причина. Бил пуштен по неколку часа кога ги предал лозинките од неговата е-пошта и блог. Исто така му било наредено да се пријави на испрашување секогаш кога тоа ќе се барало од него.
Навид пишува:
Законот е тоа што ќе одлучи инспекторот. Крајната пресуда зависи повеќе од наредбите Министерството за разузнавање отколку од правосудството на земјата. Кога се вратив дома се запрашав, кога веќе ќе сакаат да си го променат однесувањето.
Одговорот на прашањето на Навид е за жал, не скоро.
Иран има долга историја на кривично гонење на блогерите и нивно осудување на долги години затвор, а и во еден случај камшикување.
Читајте повеќе на страница „Гласови под закана“ (Threatened Voiceс).