- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Граѓаните на Хрватска гласаат дали да се забрани истополовиот брак

Категории: Хрватска, Владеење, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Закон, Најважни вести, Политика, Религија, Хомосексуални права (ЛГБТ), Човекови права

На 1ви декември 2013 во Хрватска се одржа референдум, на кој граѓаните гласаа дали бракот во Уставот на Хрватска треба да биде дефиниран како законска заедница помеѓу маж и жена. На 30ти ноември и изминатите неколку дена беа одржани собири во Загреб, како и на социјалните мрежи со цел спротиставување на дефиницијата.  

An image by an anonymous author that was widely circulated on social networks throughout the month of November 2013, prior to the referendum; "December 1, 1955. Rosa Parks refused to stand up from a bus seat reserved for whites. What will you do on December 1?"

Фотографија на анонимен автор која на широко циркулираше низ социјалните мрежи во ноември 2013, пред референдумот; “1ви декември, 1955. Роза Паркс одби да го отстапи своето место во автобус резервирано за белци. Што ќе направиш ти на 1ви декември?

Овој референдум во Хрватска е трет по ред откако земјата ја стекна својата независност, и беше актуелна тема во медиумите, социјалните мрежи, како и помеѓу политичарите од земјата. Предлогот беше принесен од страна на граѓанското здружение наречено „Во име на фамилијата“ (“U ime obitelji”), кое успеа да собере 700 000 потписи на петицијата за овој предлог, и беше поддржана од конзервативните политички партии и Католичката црква во Хрватска. 

Здружението, конзервативците, и црквата континуирано ја промовираа кампањата и неодамнешните анкети покажуваат дека поголемиот дел од граѓаните ја поддржуваат идејата така формулираната дефиниција за брак да се инкорпорира во Уставот на Хрватска. Некои корисници и медиуми известуваат дека, утрото на референдумот, Католичките цркви низ земјата на своите посетители им укажувале дека е нивна обврска да излезат и да гласаат во прилог на промената. Речиси 90% од 4,4 милионското население на Хрватска се Римокатолици. Џејмс Кер-Линдзи [1], висок научен соработник во политиката од Југоисточна Европа на Лондонската школа за економија, на Твитер напиша [2]:

Во црквите низ #Хрватска [3] ова утро на луѓето им беше кажано дека нивна верска должност е да се спротистават на истополовиот брак http://t.co/5JTizBlYN3 [4]

Сепак, конзервативците изгледа заборавија на целото движење на граѓани кои се против предлогот, затоа што социјалните медиуми, онлајн медиумите и неколку протести од поддржувачите на правата на хомосексуалците и за еднакви права го преплавија интернетот изминатите неколку недели, а најмногу викендот пред референдумот. Некои читатели изгледа не го разбраа хаштагот #protiv [6] (#против) често поврзуван со хомосексуалните бракови и ЛГБТ правата, кој овие денови хрватите го користат на социјалните мрежи, но тие всушност го искажуваат своето незадоволство за донесувањето на предложената дефиниција на брак. Помеѓу политичарите, оваа либерална страна на гласачи јавно беше предводена од хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ, премиерот Зоран Милановиќ и министерката за надворешни работи Весна Пусиќ кои ги повикуваат граѓаните да гласаат против донесувањето на промената.  

Иво Шпигел [7], сериски претприемач од Загреб и колумнист во Forbes Croatia, изјави [8]:

Добро утро! Убав, сончев ден – погоден за да излезеш и да гласаш против референдумот, воедно и за поддршка на човековите права на нашите геј браќа и сестри

Твитер корисникот @kristinapod [10], по потекло од Сплит, Хрватска, моментално живее во Торонто и работи како адвокат за човекови права, коментира [11]:

На ниту една земја, град, заедница или село не му е одземено правото на истополова љубов. Не можам да прифатам референдум кој ќе го забрани истополовиот брак. #protiv [12] #Croatia [3]

Откако анкетата беше затворена неделата попладне, локалните медиуми известија дека предводниците на движењето “Protiv” (“Против”) изјавиле:

‘Се надеваме дека ги мобилизиравме сите оние кои ги поддржуваат човековите права’ #referendum [14] #protiv [12] http://t.co/covOy2KGj8 [15]

— 24sata (@24sata_HR) 1ви декември, 2013 [16]

Денот пред референдумот, здружението „Во име на фамилијата“ ја одби медиумската акредитација [17] за нивното седиште на на денот на гласањето, за некои медиуми кои го покриваа движењето „Против“. Имено, на хрватските дневни весници Večernji list и 24 sata, како и телевизијата RTL им беше одбиен пристапот до седиштето на здружението. По оваа одлука, поголемиот дел од хрватските медиуми се одлучија да ги поддржат своите колеги и да го бојкотираат седиштето на здружението и медиумските изјави на денот на референдумот. Твитер корисникот @markopadovan [18] коментираше [19] на темата, откако анкетите беа затворени:

Најверојатно ни движењето #protiv [12] не ги покани новинарите. Останува на тебе, самиот да се поканиш.

— Super Varijanta (@markopadovan) 1ви декември, 2013 [20]

Движењето #Protiv се чини дека доби огромна поддршка од хрватската дијаспора, но со тоа што најголемиот дел од членовите на Парламентот и граѓаните наводно го поддржуваат предлогот за промена на државниот Устав, многу е тешко, ако не и невозможно, да се предвидат резултатите. Хелена Кос [21], млада хрватска иселеничка која живее во Берлин, на Твитер сподели: [22]

Гужва во канцеларијата на хрватскиот конзул, многу млади гласачи 🙂 #referendum [14] #protiv [12]

— Helena Kos (@helenakos) 1ви декември, 2013 [23]

Доколку резултатите од референдумот се позитивни и хрватските граѓани одлучат бракот да го дефинираат ексклузивно како законска заедница помеѓу маж и жена, Хрватска де факто ќе биде првата земја членка на ЕУ која официјално, на долгорочно ќе го забрани истополовиот брак.

Прелиминарните резултати од анкетите се очекуваат во 22:00 часот во Недела, 1ви декември, или наредниот ден. Во моментот на пишување на овој напис, околу 40% од гласачките ливчиња се веќе избројани, од кои поголемиот дел се во прилог на амандманот на Уставот. Еден корисник, Хамиде Морина, на Твитер напиша:

неофицијално: ЗА – 64,84% ПРОТИВ – 34,56 @musicfan1158 [24] -.—- #PROTIV [25]

— Hamide Morina (@Haamideee) December 1, 2013 [26]