Уште пред 5 години, Бриџит Бардо (Brigitte Bardot), Претседател на Фондацијата за помош и заштита на животните, му испрати протестирачко писмо на српскиот претседател Борис Тадич (Boris Tadic), барајќи од него „да се запре грозоморното убивање на бездомните животни во Србија”:
[…] Луѓето од вашата земја го покажаа својот крвнички и злосторнички став кон животните. Вашиот главен град станува како Букурешт, огледало на ужасот. Ниту белградскиот маратон, ниту пак европското првенство во кошарка во 2005 година, не можат да го оправдаат ова варварско „чистење”. Вие можете да го промените сето ова и да го вратите назад достоинството на Србија. Настојувајте кон елаборација за помош на сметка на животните, наклонета кон кампањи за стерилизација и вакцинација на бездомни животни, слично на Грција и Турција. Научете ги луѓето дека животните имаат право на сочувство и почит од наша страна, дури и оние бездомните. […]
Некогаш, Тадич и други српски службеници ја игнорираа оваа молба, меѓутоа, денес, претседателот е еден од многуте Срби, кои сакаат да ја посвојат Мила (Mila), една саката кучка чијшто ужасен случај беше објавен на Глобални гласови од Синиша Бољановиќ (Sinisa Boljanovic) минатиот мај.
Претседателот на Србија сега веќе како потенцијален „посвоител“, треба да исполни неколку строги услови пропишани од страна на Секретаријатот за општински работи:
Кучето Мила мора да има 24-часовна грижа и да биде во нечие човечко присуство. Посвоителите мора да имаат постојан и стабилен приход, поради постојаната медицинска нега и зголемена исхрана. Мила мора да живее кај луѓе кои имаат куќа со двор, природна средина за рехабилитација или пак апартман со пристап кон зелена површина. Исто така, експертски тим од ветеринарни институции […] ќе има право да врши медицинска проверка на Мила еднаш месечно и воедно да провери како е тaa.
Додека Мила беше спасена и постана симбол на страдањето на српските бездомни животни, насилството и понатаму продолжува – се соопштува и се дискутира во српските медиуми и општеството.
Минатата недела, шокантна слика на убиена кучка која лежи во вир од сопствената крв, заедно со нејзините четири кученца сè уште цицајќи од неа, беше објавена во српскиот дневник „Ало“. Полицијата во Зајачар сè уште трага по непознатиот монструм, кој го уби ова куче.
Во близина на мостот помеѓу Белград и Панчево, 65-годишен старец распара грло на ротвајлер по име Рауф , локално куче, шетајќи се со еден свој пријател и неговиот мал териер. Ротвајлерот, опишан како многу мирно куче, им се приближил дури и без никакво лаење. Убиецот најпрвин го погалил, а веднаш потоа земал нож и го прободел повеќепати. Повреденото куче се повлекло кон едно раскопано земјиште, каде искрвавило до смрт.
Абази Мухамед (Abazi Mohammed), човекот којшто честопати го ранел Рауф, го прашал убиецот зошто го сторил тоа и добил ваков одговор:
Сакаш и тебе да те убијам?!
2-годишен мелез по име Џоле (Djole) беше застрелан близу местото каде беше пронајдена Мила. Младо момче кое живее таму го пронашло мртвото куче, а истовремено забележало и маскиран човек како трча надолу по улицата.
32-годишнa (медицинска) сестра од Пожаревац го заврзала кучето на нејзината кола и го одвлекла неколку блока подолу (потресувачкото видео од инцидентот е тука). Кучето беше тешко повредено, но сепак преживеало и сега е под покрив на локалната ветеринарна институција за заштита на животните. Полицијата поднесе кривична пријава против жената, а таа одби да објасни зошто го мачела кучето.
Деца од Ниш снимале сцена од хорор филм на нивните мобилни телефони: шест претходно задушени кучиња беа обесени на дрво. Децата испратија слики до здружението „Планет Зоо“ со молба да се пронајде извршителот на масовното убиство. По полициската истрага, беа поднесени кривични пријави против две момчиња на возраст од 15 и 17 години.
Српска заболекарка Zubarica од Краљево сведочеше како деца измачувале мачка:
Јас си седев во моето биро пред прозорецот кога наеднаш видов како нешто прелета кон него, удирајќи во стаклото падна надвор на терасата… маче! Сиротото беше фрлено на стаклото како топка, како камен. Јас бев многу потресена и не знаев што да кажам. Мачето гласно мјаукаше од болка. Излегов надвор, но само од далеку успеав да забележам двајца, кои си „играле“ со мачето – две момчиња на возраст од 6 години или нешто повеќе. […] Каде ли јас живеам? Кои се родители на овие две деца? Дали тие се деца воопшто? Дали тие се човечки суштества?
Соулстормер одговори:
Тие се животни без совест, чиишто родители никогаш не им ги читале Пепелашка, Петар Пан, Убавицата и ѕверот, Езоповите басни и приказните на Андерсен. Тие го започнале своето детство со убивање на виртуелни чудовишта во видео игри.
Јован Станкович напишал:
Дете кое фрла мачка во прозорец сценира дејство кое се случувало кај него дома. Тој видел како татко му ја турка мајка му кон ѕидот или прозорецот во една честа расправија, која емоционално делувала врз него…
Во 2008 година, за првпат во историјата на српското судство, една личност доби 3-месечна затворска казна за убивање животни. Останатите 14 случаи на малтретирање на животни резултираа само со парични казни.
Српското „Здружение на пријатели на животните“ (EПАР) истакна дека српскиот кривичен законик треба да биде поригорозен, како на пример некои од домашните закони(пр. Ветеринарниот закон, член 46 и 138) го поддржуваат нехуманиот третман на бездомни животни:
Во Република Србија, кучиња и мачки доживуваат нехумано успивање и усмртување во еден незапирачки обид од страна на надлежните за контрола на бездомните животни во градовите.
ЕПАР предупредува:
Усмртувањето се применува на многу начини од страна на надлежните во Владата на Србија:
1. со парализа на респираторниот систем преку вшприцување на Т-61 инјекции во срце или бели дробови […];
2. со инјекции од Нуван и Креозански отрови, кои предизвикуваат смрт поради задушување;
3. со закопување живи;
4. со тепање до смрт […];
5. со ставање на животните во пластични торби и нивно исфрлање на депонии;
Професор Иван Димитриевич (Ivan Dimitrijevic), психијатар на белградското медицинско училиште, забележува дека оние кои вршат измачување и убиство на животни припаѓаат на групата на пореметени луѓе со тешко психичко растројство:
Доколку личноста е немоќна и осамена, а не бара помош, тој/таа може да направи слични работи како на луѓето, така и на животните. Потребно е оваа личност итно да се лекува.