Блогот „Зборови на отпорот“ им дава глас на тинејџерите од мал град во Мексико
Чантал Флорес предава во средното училиште во Запотитлан Палмас, град во Оахака, Мексико со популација од 1184 жители и висока стапка на миграција во Соединетите Американски Држави. Таа го креираше блогот Зборови на Отпорот (на шпански, Palabras de Resistencia [шпански]) за да ги публикува песните, приказните, писмата и кратките есеи кои нејзините ученици ги пишуваат за нејзиниот час.

Училиштето Телесекундариа каде Чантел предава. Сликата е направена од Чанел Флорес и искористена со нејзина дозвола.
Родена во Монтереј, Мексико, на 18 години Чантел заминала да студира Професионално пишување и комуникациски студии во Торонто, Канада, каде дипломирала во 2008 година. Нејзината последна практикантска работа била во магазинот Нацијата во Њујорк:
После тоа сфатив дека сакам да пишувам мои приказни и за да го правам тоа, сакав да патувам. Исто така поминував низ егзистенцијална криза: Бев далеку од Мексико скоро 6 години и мислам дека навистина се обидувам да се вклопам во општествата во кои живеам, со што се губев самата себеси. Бев збунета и одлучив да се вратам во Мексико, да патувам по малку и да пишувам приказни. Отсекогаш сакав да дојдам во Оахака. Наводно требаше да бидам само два месеци во Оахака, а потоа два месеци во Чиапас и потоа два месеци некаде на друго место, но сè уште сум во Оахака.
Пред пет години, Чантал создаде работилница за литература за мали деца и ја предложи програмата на една невладина организација во Торонто; на нив им се допадна идејата, но не им се допадна тоа што Чантал има само 21 година. Проектот никогаш не беше имплементиран, но нејзиното искуство во Запотитлан средното училиште и ја разгори повторно идејата за работилница по литература за деца.
Јас зборував со неа за блогот Зборови на Отпорот, за нејзините ученици и за идејата за земање на нивните работи и нивно објавување на Интернет со цел целиот свет да ги прочита.
Глобал Војсис (ГВ): Како започна Зборови на отпорот?
Чантал: Јас го развив овој курс за период од четири недели и тоа беше курс за учење на децата како да ја изразат нивната реалност преку зборови. Мислев да работам само со три или четири литературни жанра, но кога дојдов во училиштето тоа беше сосема нов свет. Ги видов сите оние деца на возраст од 13 до 15 години кои имаат интелектуален капацитет на дете од основно училиште. Така, јас ќе им дадев песна, тие ништо немаше да разберат, а и едвај знаеја да пишуваат. Сега тие ги пишуваат овие приказни кои зборуваат за проблеми низ кои ни некои постари нема да поминат во нивниот живот.
„Преку ноќ има само скандали. Улиците се полни со бескрупулозни луѓе, на овој ќош има 30, на другиот 20. Тупаници и удари, крв насекаде како црево уништено од болка, лутина и депресија. Што ќе правиме: Овој град нема иднина. Ако луѓето продолжат да живеат со овој страв, тие ќе умрат и ќе умрат без да кажат нешто гласно и неправедно. Децата се вклучени во бандите; дрога и пиво навлегуваат во телата. Basta! Доволно е! Не можам да го правам ова повеќе; дозволете ни да се здружиме и да се бориме. Гвадалупе, 13 години.
Проверувањето на нивните домашни задачи на почетокот беше навистина многу тешко за мене; ќе завршев плачејќи од читањето на нивните приказни, а тие ќе ми напишеа порака на крајот со молба да им помогнам. Ете како дојдов до идејата за блогот: тоа може само им дава простор и им укажува дека некој друг ги слуша нивните приказни и дека тоа ќе има влијание. Дури само после една недела откако го креиравме блогот можев да забележам промена. Тие ми донесуваат приказни и песни и секогаш ме прашуваат дали ќе ги објавам. Тие се мотивирани. Не можат да поверуваат дека имавме околу 500 посети за една недела.
ГВ: Зошто името „Зборови на отпорот“
Чантал: Да бидам искрена се двоумев малку, поради две причини. Едната, бидејќи луѓето може ќе помислат дека е нешто левичарско и второ бидејќи „отпор“ е толку клише. Но, звучеше сосема правилно. Овие деца пишуваат приказни за да се спротивстават на сите лоши работи кои им ги носи животот. Исто така се работи за фраза која лесно се преведува. Ќе биде исто и на англиски и на шпански. Едноставно чувствував дека е добро име.
ГВ: Како тие реагираа на идејата? Дали им се допадна или се двоумеа за тоа нивните работи да бидат објавени онлајн?
Чантал: Им се допадна идејата, но не ми веруваа. Ми кажаа „Ти си луда! Тоа нема да се случи! Никој нема да ги чита нашите приказни!“ и да бидам искрена, длабоко во себе и ја бев малку исплашена бидејќи тие стануваа навистина возбудени и јас си мислев „Те молам Господе- јас дури и не верувам во Господ- помогни ми!“
Еден проблем кој што го имаме е тоа што е тешко за нив да имаат Интернет пристап, така што не сите го виделе блогот, а толку е различно кога ќе се види производот.
ГВ: Кои се темите кои влијаат на заедницата, а за кои пишуваат вашите ученици?
Чантал: Миграцијата е популарна тема. Всушност, работиме на креирање на постери и тие треба да изберат порака која ќе сакаат да ја пренесат на светот. Една група ја избра темата миграција и јас им кажав „Напишете ја фразата, а јас ќе ви кажам дали е во ред за задачата“. Мислев дека ќе ми дадат фраза која ќе звучи нешто како „Не сакаме нашите родители да заминат“ или „Не сакаме луѓето од нашата заедница да не остават“ и кога ја прочитав фразата, звучеше нешто како „Сакаме владата на Соединетите Американски Држави да создаде закон за да нашите родители можат да работат таму, бидејќи тука немаме никаква работа.“ Беше толку добро напишано што јас бев шокирана. Би сакала претседателот Обама да ја прочита.
Некои членови на семејства одат да бараат работа, други за да бидат со своите семејства, но тука започнува приказната. Сите се качуваат во воз, скокаат од еден вагон на друг, и кога ќе ја достигнат границата, некои умираат, други се убиени, жени се силувани и грабнати. Но, тие сепак продолжуваат да се трудат да ја поминат границата за да бидат во можност да живеат мирно со своето семејство, дури и со болка во нивните срца за ужасното искуство кое го доживеале, а кое го доживуваат сите имигранти од различни земји. Брендон, 12 години.

Постер од група ученици со порака „помини време со семејството“. Слика од Чантел Флорес, искористена со нејзина дозвола
Во градот има повеќе жени и стари луѓе отколку мажи и сега многу, многу луѓе се враќаат од САД поради ситуацијата таму. Но, чудно е бидејќи овие деца почнуваат да живеат со нивните родители после седум или десет години, така што целата динамика на семејството се менува.
Исто така, во заедницата постои проблемот со омажените жени, кои што се оставени од нивните сопрузи. Тие се чувствуваат напуштено, депресивни се и немаат стабилност во животот. Така, јас најдов многу деца кои немаат добри односи со нивните мајки.
Мојата мајка плаче секоја ноќ. Не прашувам повеќе зошто плаче, знам многу добро зошто го прави тоа. Не грижи се, јас се грижев добро за неа сите овие години. Зборувавме за многу работи во текот на времето што го поминавме заедно и имаме уште многу работи за кои што треба да зборуваме. Знам дека тој ден ќе дојде наскоро. Мајка ми е многу среќна бидејќи постигнав тоа што таа го сакаше, а таа сакаше еден ден јас и ти да поминуваме време заедно. Луис Герардо, 15 години.
Еден од најголемите проблеми е осаменоста и фрустрацијата да не може да се помогне да се промени нивната реалност. Овие деца сакаат да се менуваат. Еден голем проблем е што тие немаат сонови или пак имаат, но не веруваат дека можат да направат нешто да го напуштат градот или да имаат кариера.
ГВ: Што сакате да постигнете со Зборови на Отпорот?
Чантал: Ова е тешко прашање. Забележувам дека ќе биде многу спор процес. Мојата цел со овој проект е да им дадам до знаење дека луѓето ги слушаат и дека луѓето се грижат за нив и дека тие можат да ја сменат сопствената реалност.
Една од причините поради која одлучив да се вратам во Мексико беше дека додека работев во Нацијата, магазините, весниците и воопшто американските медиуми пренесуваа само две приказни за Мексико, и не само за Мексико туку за Латинска Америка генерално – и една беше за Латинска Америка како одлично место за социјални движења, револуции и сите оние левичарски движења. Другата приказна беше за Латинска Америка како место за корупција, сиромаштија и сите тие работи. Сите ја забораваат другата реалност за Мексико; тие се фокусираат на борбата со дрога, но забораваат на сите други реалности и проблеми кои постојат во Мексико. Затоа одлучив да се вратам назад и да најдам друга приказна.
ГВ: Вие ги објавувате приказните, писмата и песните кои тие ги пишуваат за нивниот живот, но вие сте писател, зошто да не ги напишете приказните сама?
Чантал: Сега кога дојдов во Мексико зборував на сите овие луѓе, особено на имигрантите. Не сакав да пишувам стории за имигрантите, но поради не знам каква причина јас сепак наидував на имигранти и се запрашав самата „Која сум јас да пишувам за нивните приказни?“ Така се случи да се сетам на курсот што го развив пред 5 години и си помислив „Добро, подобро е на нив да им дадам простор да ги напишат своите приказни.“
Категории

Започни ја конверзацијата
Категории
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!