- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Азербејџан: Oслободен видео блогерот Аднан Хаџизаде

Категории: Централна Азија и Кавказ, Азербејџан, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Младина, Најважни вести, Политика, Протест, Слобода на говор, Човекови права

Во една изненадувачка одлука, апелационен суд од Баку, Азербејџан, денес нареди условно ослободување на видео блогерот и младиот активист Аднан Хаџизаде [1]. Најпрво притворен во јули 2009 година [2] заедно со неговиот колега активист Емин Мили [3], и двајцата беа казнети четири месеци подоцна на две години затвор [4], за што многумина веруваа дека е политичко мотивирано судење. Дури и значајните повикувања од меѓународната заедница ги остави многу поддржувачи да се помират со судбината.

Притворот и затворањето на Хиџизаде дојде набрзо по воведувањето на ограничувања за странските известувачи [5], кои работат во поранешната република од Советскиот Сојуз и многу млади активисти од ОЛ! движење на младите во Азербејџан станаа поактивни [6]. Заедно со колегата активист Емин Мили, беа прифатени како затвореници на совеста [7] од Амнести Интернашнал (Amnesty International) еден ден откако и двајцата беа осудени.

Секако, кога веста за неговото ослободување исплива на површината, на многу поддржувачи на Хаџизаде, ко-основачот на азербејџанското ОЛ! движење на младите, им олесна. Слики и извештаи за вести се споделија на Фејсбук, додека пак коментари и линкови се споделија на Твитер.

Аднан е СЛОБОДЕН!!! :D#Емин Аднан#Азербејџан [8]

Одобрено предвремено ослободување на Аднан!!!#Емин Аднан#Азербејџан [9]

[…] Комитетот за поддршка на Аднан Хаџизаде и Амин Мили е повеќе од среќен што го објавува ослободувањето на Аднан Хаџизаде!!! [10]

Супееееер… Аднан е слободен!!! Денешната среќа е преголема :))))) [11]

Еден твит дури стигна и до 10те најчитаните твитер пораки [12] кога @leylanajafli [13] прикачи и направи линк до фотографија направена од Хаџизаде од Институтот за слобода и безбедност на известувачите [14] како е веќе пристигнат дома. Нејзиниот коментар искористен како објаснување на сликата подолу беше навистина многу трогателен.

[15]

Одразот на слободата! Аднан Хаџизаде е ослободен од затвор 🙂 #ЕминАднан #Азербејџан […] [16]

Сепак, и покрај условите кои го опкружуваат апсењето на Хаџизаде, како и условната природа на неговото ослободување, кога беше прашан од азербејџанската служба на Радио слободна Европа за тоа дали ќе продолжи со блоговите, Хаџизаде одговори многу едноставно и кратко – Да, да секако -, рече тој откако ја напушти судницата. ,,Видео блогирање“.

Судејќи според другите интервјуа дадени од Хаџизаде, како и коментарите од поддржувачите на Фејсбук и Твитер, сега вниманието ќе се насочи кон Мили кој останува во затвор заедно со неколку новинари, меѓу кои и добитникот на наградата за меѓународна слобода на медиумите од 2009, Ејнула Фатулајев [17].

Резимирана хронологија на настаните кои го опкружуваа затворањето на Аднан Хаџизаде и Емин Мили, како и кампањата за нивното ослободување можат да се видат на Кавказ: Преглед на блоговите 2009 [18] на Глобал Војсис.