(Твит од насловната фотографија )
Само што прочитав добра книга за подводни билки. Се вика „Mоре од пупки.“ #ShilpaShettyReviews“ [Шилпа Шети рецензира]
Хаштагот „Шилпа Шети рецензира“ [#ShilpaShettyReviews] може да се забележи во голем број твитови од Индијците во последно време. Тие се однесуваат на утката што ја направи актерката Шилпа Шети во едно интервју, кое молскавично брзо се прошири на Интернет.
Трендот на „Твитер“ почна пред неколку дена кога на 59-та годишна конференција на Здружението на училишта за екстерно тестирање која се одржа во Лакнау беше објавена новата програма за училиштата под капата на Индискиот центар за спроведување екстерно тестирање. На самата конференција беше најавено дека наставната програма за ученици од трето до осмо одделение ќе ги вклучи и графичките романи: „Астерикс и Тинтин“, серијалот „Хари Потер“ на Џ.К.Роулинг, серијалот „Херкул Поаро“ на Агата Кристи, „Хобит“ од Џ.Р.Р. Толкин, „Фелуда“ на Сатијаџит Реј и приказните за „Шерлок Холмс“ на Сер Артур Конан Дојл се помеѓу избраните дела. Биографиите на АПЏ Абдул Калам, Ана Франк и Малала Јусафзаи исто така ќе биде на листата на книги што треба да се прочитаат.
Во интервјуто на англиски јазик за дневниот весник „Тајмс оф Индија“, боливудската актерка, Шилпа Шети сесрдно го подржа потегот и рече:
Books like Lord Of The Rings (LOTR) and Harry Potter as part of the syllabus is a great move because it cultivates imagination and creativity at a young age. They should include books like Little Women, as it encourages respect towards women at a young age. Even a book like Animal Farm can teach the little ones to love and care for animals.
Вклучувањето на книги како „Господар на прстените“ и „Хари Потер“ во наставната програма е одличен потег бидејќи ја негува имагинацијата и креативноста на рана возраст. Треба да се вклучат и книги како „Мали жени“ бидејќи книгата поттикнува развивање на почитта кон жените вооошто уште на рана возраст. Дури и книга како „Животинска фарма“ може да ги научи малите деца да ги засакаат животните и да се грижат за нив.“
Очигледно таа има некако погрешно сфатено дека „Животинска фарма“, која како книга е коментар во политичка алегорија за Советскиот Сојуз од Џорџ Орвел поставена во дистописко општество, е всушност само книга што зборува нешто добро за животни.
This is why #shilpashettyreviews is trending. pic.twitter.com/1AXnAJS3Fi
— CornerCubicle (@cornercubicle_) November 28, 2016
Еве зошто хаштагот Шилпа Шети рецензира е во тренд. #ShilpaShettyReviews“ [Шилпа Шети рецензира]
Корисниците на Интернет беа како „пуштени од синџир“ со тоа што дофрлаа кратки реплики сите со хаштагот #ShilpaShettyReviews [Шилпа Шети рецензира] кој набрзо стана топ тренд тема.
Fifty shades of Grey is an instruction manual for dot matrix printers #ShilpaShettyReviews
— Fahad R. Bhatti (@frbhatty) November 28, 2016
„Педесет нијанси сиво“ е упатсво за употреба на иглични матрични компјутерски печатачи. #ShilpaShettyReviews [Шилпа Шети рецензира]
Oh! I thought David Copperfield is about a boy who works in fields where copper grows. #ShilpaShettyReviewshttps://t.co/Xwa7H9CaKH
— kaveri (@ikaveri) November 28, 2016
Твит: “О! Мислев дека Дејвид Коперфилд е за момче кое работи на поле кај што расте бакар.(copper = бакар на англиски, прим.прев.)” #ShilpaShettyReviews [Шилпа Шети рецензира]
Цитиран твит: Денеска ќе зборувам за Дејвид Коперфилд, се работи за рудниците за бакар во Англија. #ShilpaShettyReviews [Шилпа Шети рецензира]
Pride and Prejudice is my favourite book about a group of lions and racism. #ShilpaShettyReviews
— Purva Scamander (@thatobesewoman) November 28, 2016
„Гордост и предрасудa“ е мојата омилена книга за група лавови и расизам”.#ShilpaShettyReviews [Шилпа Шети рецензира]
Children should read ‘A Tale of Two Cities’, so that they can learn geography. #ShilpaShettyReviews
— Absinthe Minded (@MinstrelofSound) November 28, 2016
Децата треба да ја прочитаат „Приказна за два града“, за да научат географија”. #ShilpaShettyReviews [Шилпа Шети рецензира]
“Life of pi is an amazing cookbook. Children will love it.” #ShilpaShettyReviews
— Harish Iyengaar (@scaryhairyman) November 28, 2016
„Животот на Пи“ е неверојатна книга-готвач. Децата ќе ја обожаваат.“ #ShilpaShettyReviews [Шилпа Шети рецензира]
Children should read The Kite Runner, because only then will they know how dangerous it is to chase kites. #ShilpaShettyReviews
— #ish (@WhatMenBugger) November 28, 2016
Децата треба да ја прочитаат „Тркачот со хартиен змеј“, бидејќи само тогаш би дознале колку е опасно да се трча по хартиени змејови. #ShilpaShettyReviews [Шилпа Шети рецензира]
The fault in our stars is the best book for kids to learn astronomy 😛 #ShilpaShettyReviews
— Daniel (@AskDanyal) November 28, 2016
„Вината во нашите ѕвезди“ e најдобра книга за децата да научат астрономија. #ShilpaShettyReviews [Шилпа Шети рецензира]
“The Hobbit is good. All children should develop good hobbits.” #ShilpaShettyReviews
— Harish Iyengaar (@scaryhairyman) November 28, 2016
„Хобит“ e добра. Сите деца треба да развијат добри хобити. #ShilpaShettyReviews [Шилпа Шети рецензира]
Луѓето уште повеќе се забавуваа читајќи ги иновативните твитови:
Is there anyone else who cannot stop reading all #ShilpaShettyReviews?
The things people come up with are just hilarious!— Li'l Jevi (@MissChotaPacket) November 28, 2016
Има ли уште некој што не може да престане да го чита сево ова со Шилпа Шети рецензира?
Работите што им текнуваат на луѓето се за да се искинеш од смеење.
Исто така имаше и твитови што ја подржуваа Шети:
because why blame a paper produced by multiple editors if you can laugh at the woman who probably didn't say the thing? #ShilpaShettyReviews
— Supriya Nair (@supriyan) November 28, 2016
зошто да се обвини весник продуциран од повеќемина уредници ако можеш да ѝ се смееш на жената која веројатно и не го ни рекла тоа? #ShilpaShettyReviews [Шилпа Шети рецензира]
Dear @TheShilpaShetty, are you sure they have quoted you properly? Because the book #AnimalFarm is not about animal husbandry. #JustCheckingpic.twitter.com/abS9byfscF
— Soumyadipta (@Soumyadipta) November 28, 2016
Драга Шелпа Шети, сигурна ли си дека те цитирале правилно? Затоа што книгата „Животинска фарма“ не е за сопрузи на животни. #AnimalFarm [Животинска фармаѓ #JustChecking [Само проверувам]
И Сабит Азиз ѝ се заблагодари на Шилпа:
Thank You Shilpa Shetty for the Gaffe. I have my book bucket list ready now. #ShilpaShettyReviews
— Sabit Aziz (@azizspeaksss) November 28, 2016
Шилпа фала ти за гафот. Листата со книги за читање ми е подготвена. #ShilpaShettyReviews [Шилпа Шети рецензира]