- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Тунис: Случај на Фејсбук исфрлен од суд

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Тунис, Дигитален активизам, Закон, Слобода на говор, Технологија

Тунискиот суд отфрли случај [1] против цензурирање со кој се соочува Фејсбук, поднесен [2] од блогерот и новинар Зиад Ел Хени против Туниската Интернет Агенција [3] (ATI).

Пишувајќи на арапски, Journaliste Tunisien [1], кој го поднесе случајот, известува дека:

Третиот Окружен Суд во Тунис, со кој претседава судијата Руваида Ал Гарби, го отфрли случајот поднесен против АТИ за блокирањето на сајтот за социјално вмрежување Фејсбук.
Одлуката за случајот  68787 на 25ти ноември , кој јас го поднесов во протест против илегалното цензурирање, не вклучуваше никакви објаснувања.

Одлуката беше донесена откако судењето [4] беше одложено три пати. Исто така беше побарано од тужителот да плати за сите трошоци што ги повлече оваа граѓанска процедура.

И покрај оваа препрека, туниските корисници на Фејсбук и блогери победија со нивното обединување против цензурирањето [5] и нивниот национален ден за слобода на блогирањето [4].