- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Мајкл Џексон „преминува“ во исламот

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Бахреин, Египет, Израел, Јордан, Кувајт, Палестина, Туркменистан, Меѓународни односи, Музика, Религија, Уметност и култура

Кралот на поп музиката, Мајкл Џексон, повторно е актуелен и приказните за неговото наводното преминување во исламот се актуелни со саркастични коментари на блоговите во Средниот Исток. Дали преминувањето  на Џексон е дел од заговорот на Америка „да се уништи исламот од внатре“, дали е медиумски подвиг или тој конечно ја најде вистинската работа?

Скептикот [1] од Египет забележува:

Лондонскиот Sun [2] и нешто помалку угледниот Telegraph [3] известуваат дека Мајкл Џексон преминал во исламот. Весниците објавија фотографии од Џексон во Бахреин.

Мислам дека  Run CMD кажа најдобро преку неговиот имејл: „Очигледно е дека сето ова е дел од големиот план на Америка да го уништи Исламот од внатре. Мајкл Џексон работи за Дик Ченеј. Сега се има смисла.“

Од Кувајт, Loft965 [4] напиша:

Според овој напис [5], Мајкл Џексон преминал во исламот. Овие гласини се шират веќе некое време, но овој пат изгледа е вистина бидејќи сите новински агенции пишуваат за тоа. Започна со Џермејн Џексон, потоа купувањето живеалиште во Бахреин и сега неговото име е Микаел (Mikaeel). Не разбирам зошто мора да се промениш името кога преминуваш во друга вера. Тоа не е задолжително. Тој го има најпрепознатливото име во светот. Не знам што треба да мислам за ова, но тој изгледа добро со вел.

Some Contrast [6], уште еден кувајтски блогер, исто така ја покрива темата.

Палестинско-американскиот блог Kabobfest [7], пишува за наводното преминување во исламот на Џексон и неговиот судски случај со бахреинскиот принц, шеикот Абдула бин Хамад Ал Калифа, синот на бахреинскиот крал кој го тужи кралот на поп за 7 милиони долари. Само што се појавија вести [8] дека е постигната спогодба.

Во овој пост, Калаш вели:

Можеби имате слушнато за последната тужба за Мајкл Џексон [9] – бахреинскиот принц му платил милиони долари за албум и книга кои никогаш не биле создадени. Она што веројатно не го знаете е дека Џексон има ас во ракавот…

Кралот на поп музиката премина во исламот. Слушам гласини уште откако тој започна да поминува многу време во Средниот Исток, но деталите во најновите известувања [10] не ми оставаат многу простор за сомнеж. Тој дури го променил своето име во Микаел. Изгледа веќе не се чувствува пријатно во Јеховините сведоци.

Јорданскиот блогер Кинзи реагира на постот, велејќи:

За малку ќе напишев пост за ова, но подобро е да не дојде од мене.

Честитки, дел од исламот. Каква награда. Со среќа, кој и да му помага. Навистина е нешто.

Меѓутоа American Muslim Girl додава:

Знаеш што… Мене ми е жал за него и тој сигурно има некои проблеми, но… не знам… јас не би одбила никој, особено не некој со толку многу „следбеници“.

Поблиску до акцијата, од Бахреин, каде Џексон остана една година и имаше судење со член од кралското семејство со кое пејачот се појави на насловните страници на весниците, Есра од Mideast Youth [11] го објави насловот: Исламот победува: Мајкл Џексон се преобрази.

Таа потоа додава:

Оваа ѕвезда е тужена [12] од страна на принцот поради прекршување на некој „договор“ и поради тоа што не снимил песни за мир или нешто друго. Не дека некој се грижи што тој прави. Но јас понекогаш се грижам, бидејќи пораснав со него. Тогаш не бев сигурна дали е белец или црнец или дали е „забрането“ да го обожувам бидејќи се претвори во пластика. Или жена.

По се изгледа сега преминал во исламот [13]. Сè уште сум во категоријата која не се замара.

Есра исто така пронајде саркастично писмо од пред две години, во кое фиктивен Џексон му се обраќа на светот. Во писмото, Есра пишува:

За жал легално ми е забрането да се доближам до било кое игралиште, поради она недоразбирање со моите панталони. Таа приказна доби многу внимание од медиумите. Зборувајќи за медиумите, не знам зошто сум постојано опкружен со камери. Сигурен сум дека девојчињата и момчињата од Бахреин не сакаат серија од фотографии кои покажуваат како ја уништувам мојата соба со урамена фотографија од нивниот крал.

Јас започнав да носам абаја (црна наметка која ја носат жените во Бахреин).

Последната станица е Israelicool [14], од Израел, кој забележува:

Исламот има нов, мрднат регрут [2] […] Микаел? Повеќе звучи како да се претворил во руски мафијашки бос.

Но ако искочи дека Џексон преминал во исламот, се прашувам дали тој ќе адаптира некои од неговите стари песни за новите верувања. Претпоставувам „Beat It“ ќе биде најприоритетен кандидат [15].

Коментирајќи на овој пост, TechyNews пишува:

Ох не кутриот ислам, сигурен сум дека тие не сакаа да им се приклучи мрднатиот Џексон. Исто така дали ова е само негова прилика да носи вел наместо болничката маска за да го покрие неговото лице? Блесав Џеко, бурка е за девојки.