Бахраин: Дали полициските коли намерно ги прегазуваат демонстрантите?

На незаборавната ноќ на 28 јануари, 2011 година, автомобил ги прегази демонстрантите во близина на Американската амбасада во Каиро. Медиумите постојано ја пуштаа снимката од овој инцидент, шокирајќи ја јавноста низ светот. Но, во Бахраин, прегазувањето на луѓе од полициски коли стана една од техниките против протестите кои безбедносните сили ги користат против демонстрантите на различни години и во многу области од малото кралство. Како што луѓето од Бахрир направија добро документирајќи ги злоделата кои нивниот режим ги изврши над нив откога започнаа да протестираат минатиот февруари, еве некои од снимките достапни на Јутјуб што покажуваат како полициски коли газат демонстранти во Бахраин.

Започнуваме со оваа снимка од селото Aл-Екер на 16 август, 2011 година:

Следната снимка покажува прегазување на демонстрантите кои маршираа на погребот на 16-годишниот маченик Ахмед Ал – Ќатан на 7 октомври, 2011 година:

За време на февруарските протести, оваа снимка од жена како ненадејно прегазува демонстранти, создаде мешаница:

http://www.youtube.com/watch?v=dISoCca21Ng

И неодамна, еве снимка на која се прикажува прегазувањето на демонстрантите по погребот на маченикот Али Ал – Даихи на 4 ноември, 2011 година:

http://www.youtube.com/watch?v=WbPRubzp1CY

Министерството за внатрешни работи на Бахраин коментираше за овој конкретен инцидент, одрекувајќи дека се случил, дури и откако снимките се проширија на социјалните мрежи. На својот веб-сајт министерството рече:

Генералниот директор целосно го отфрли соопштението од Матар Матар за новинската агенција, дека полициски патроли по погребот се обиделе да прегазат демонстранти., нагласувајќи дека таквото обвинение не е вистинито, бидејќи правило на полицијата е да ја заштити безбедноста на граѓаните, жителите и имотите.

Ова негирање направи нетизените да ископаат други снимки, како оние што следат. Следнава снимка е од селото Самахеј, на 17 август, 2011 година:

А ова е од селото Ситра, на 19 септември, 2011 година:

Следната снимка покажува како полициски коли бркаат деца – времето и местото не се одредени – но полициските коли се од Бахраин:

http://www.youtube.com/watch?v=DwQQ1sTdr7k

Следното е позната снимка како полициска кола се обидува да прегази демонстранти во Бахраин:

http://www.youtube.com/watch?v=DputgPA641I

Иако не е јасно, оваа снимка укажува дека во селото Салмабад, полициски коли прегазиле човек по име Јонес Махмуд, како што пишува во описот на видеото, на 1 октомври, 2011 година. Описот исто така наведува дека полицајците ја претепале мајката на Јонес и потоа го уапсиле:

http://www.youtube.com/watch?v=OSqbDfYYNtw

На оваа снимка, група на тинејџери прескокнуваат преку оградата за да избегнат судир со полициската кола во областа Билад Ал – Ќадим на 7 јули, 2011 година:

И следново видео, снимено во селото Ал – Дираз, снимено од две различни камери, покажува како полициски коли забрзуваат по група на мажи во соседството на 25 октомври, 2011 година:

По погребот на маченикот Џафар Хасан на 21 септември, 2011 година, во селото Димистан, полициски коли очигледно се обидуваа да ги прегазат луѓето како што се гледа во ова видео:

http://www.youtube.com/watch?v=bkPjUmKnasI

А во овие две последни снимки, можете да видите различни инциденти на прегазувања споени заедно:

Не е познато колку демонстранти се повредени во овие инциденти.

 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.