- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

САД: Вистинското и дигиталното обединете се за латиноамериканската литература

Категории: Северна Америка, САД, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Книжевност, Миграција и имиграција

Ла Каса Азул [1] – онлајн книжарница која е раководена од Аурора Анаја – Церда – неодамна објави дека ќе соработува со нова книжарница лоцирана во Вашингтон Хаитс, Њујорк. Ворд Ап [2] (@wordupbooks [3]) има две цели: да ја шири латиноамериканската литература и независните книжарници.

Ла Каса Азул не само што беше наградена некулку пати, туку и направи извонредна работа. Во интервјуто за Латина Бук Клуб [4], Аурора објаснува дека нејзината дигитална платформа имала книги – и аудио книги – на шпански и англиски од 2008. Аурора, исто така организира клуб за читатели во Мусео дел Барио [5] во Њујорк, откако клубот беше отворен, каде луѓето можат да разговараат со различни писатели. Специјален гостин за следниот собир [6] ќе биде Есмералда Сантијаго [7] која ќе зборува за нејзиниот нов роман „Конкистадора”.

Иако приказната за Ворд Уп е малку по различна исто така е и неверојатна. Пред неколку месеци, Вероника Лиу, ко-основачот на Фрактиос Прес [8] и редакцијата Севен Сторис Прес [9] се сретна со Уметничката алијанса на северен Менхетен [10] и Вантаџ Резидентал [11] со цел да ја анализира можноста за создавање книжарница за заедницата. Оваа цел беше постигната.

Следново видео од ArtbyDJBoy ја покажува огромната енергија инспирирана од ова место:

Исто така, вклучуваме линк со барање [12] за подршка на овој клуб како траен проект, бидејќи е привремен.

Впрочем, здружувањето помеѓу двете книжарници е забележливо. Како што информира онлајн билтенот на Каса Азул, тие го издадоа своето ново двојазично списание Д Рио Гранде Ревју кое беше создадено од креативните студенти на Универзитеот во Тексас, во Ел Пасо. Онлајн верзијата на списанието можете да ја видите овде [13].

Можете да ги посетите двете книжарници, или вистинската или дигиталната.