Непал: Биогас револуција

Фабрика за содавање на биогас. Слика од корисникот на flickr, Marufish. Искористена со дозвола од Creative Commons.

Фабрика за содавање на биогас. Слика од корисникот на flickr, Marufish. Искористена со дозвола од Creative Commons.

Технологијата за користење на биогасот започна вистинска зелена револуција во Непал. Според WWF (World Wildlife Fund) огревното дрво е најкористениот извор на енергија во земјата и речиси 87 % од домаќинствата зависат од него. Сепак, биогасот се јавува како остварлива алтернатива. Еден извештај, објавен неодамна од AFP (Француската прес агенција), ни открива дека Непал заработува (во 2007 година има заработено речиси 600 илјади американски долари) тргувајќи со своите емисии на јаглерод диоксид благодарение на многубројните фабрики за создавање на биогас низ земјата. Како нација која се обидува да пронајде евтин и оддржлив извор на енергија, биогасот е секако одлична вест за Непал.

Globalwarming Arclein, блог за придонстот на земјоделството во намалувањето на емисиите на јагленород диоксид , пишува дека овој пристап со биогасот, кој е помалку развиена технологија, е поволен и достапен за мнозинството Непалци кои живеат по селата:

Прозводството на биогас не е висoко развиена технологија. Сè што е потребно е цистерна која може да се направи со лопата и да се покрие со камења како што се прави во модерните септички јами. Покривањето и задржувањето на гасот во резервоар е навистина лесно и нема потреба од многу материјал за негово функционирање, така што лесно може да се импровизира.

Најважно е да се знае дека е возможно да се направи тоа и дека ќе работи. Враќањето на добиената мешавина не е пријатно, но не е ништо поразлично од други задачи на кои се навикнати луѓето таму. На овој начин нема да се произведе доволно гас за греењето на целата куќа, но доволно е за повремено греење, за готвење и за производство на топла вода на здрав начин.

Успехот на Непал со биогасот може да биде инспирација за неговите соседи. Најблискиот сојузник на Непал, Индија, исто така чека со нетрпение да развие алтернативни извори на енергија за да се справи со растечката побарувачка во нејзините држави кои се развиваат со брзо темпо. Разиб Ахмед пишува на South Asia, блог посветен на регионалниот бизнис и општествените прашања:

„Биогасот ме интересира не само бидејќи мислам дека тој има огромен потенцијал за нашата земја, туку и за нашите соседи како Индија и Бангладеш. Biogas Sector Partnership Nepal (BSP-Nepal) е невладина организација која работи активно за промоција на биогасот во Непал. До јуни 2008 година, беа направени 172, 858 фабрики за создавање на бигас.

Како резултат на ова, над 1 милион луѓе уживаат во добивките. Можеби 1 милион и не изгледа толку многу, но мора да запаметите дека во најголем дел се работи за сиромашните луѓе од руралните области кои ќе ја извлечат најголемата корист од оваа технологија. И не само тоа. Би сакал исто така да го привлечам вашето внимание кон фактот дека Непал увезува речиси 100 % од неговото масло. Така, секоја направена фабрика за создавање на биогас значи заштедување на некој странска валута на земјата.“

Интересот за биогас не е минлив занес во Непал. По многу година напорна работа и внимателно планирање, тој успеа да привлече доволно внимание. Во 2005 година, Малика Аријал изјави на RenewableEnergyAccess дека Непал е во потрага за создавање на одржливост и профит преку биогасот.

„Програмата за поддршка на биогасот во Непал ја прошири својата работа во 66 од 75-те општини на земјата и планира да поседува 200 000 фабрики до 2009 година. Трошокот на фабриките коишто им одговараат на руралните домаќинства чинi 300 долари. Благодарение на субвенциите од владата, овие фабрики им се достапни на домаќинствата. Тие инвестираат само 200 долари кои ги исплаќаат три години. Договорот е навистина одличен!

Сега, непалските фабрики за создавање на биогас се на добар пат да станат “добра зделка“ за глобалната природна средина. Кога ќе стапи во сила протоколот Кјото во септември 2005 година, Непал ќе може да тргува со јагленородниот диоксид којшто нема да се испушти во атмосферата благодарение на биогасот и на тој начин да заработува 5 милиони долари годишно.“

Ако сакате да дознаете нешто повеќе за тоа на кој начин биогасот му помага на Непал, еве еден дел од филм од Nepal Project во Градскиот Универзитет во Токио, Јапонија.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.