- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Кенија: Почивај во мир, Самуел Вањиру

Категории: Супсахарска Африка, Кенија, Граѓански медиуми, Спорт

Светот се разбуди ова утро со веста за смртта на еден од најдобрите талентирани маратонци во светот. Самуeл Вањиру [1] од Кенија кој го освои првиот златен медал за неговата земја на Олимпијадата во Пекинг и замина по освојување на поголеми маратони во Чикаго и Лондон, почина откако скокна од првиот кат на неговата куќа.

Likespor’ [2] спортски блог објави:

Според извештаи од неговата локална Кенија, олимпискиот првак во маратон Самуел Вањиру почина по пад од терасата. Кениската војска забележа дека 24 годишниот скокна во смрт неколку минути после 23 часот во неделата, по расправија со неговата жена

Samuel Wanjiru - Beijing Olympics 2008 (courtesy of www.mzungofire.blogspot.com). [3]Самуел Вањиру – Олимписки игри, Пекинг 2008. (благодарение на www.mzungofire.blogspot.com).

Овој пост продолжува да ги цитира другите маратонци кои твитнаа за неговата смрт. Еден од нив е Рајан Хал [4], кој напиша [5]:

Многу сум несреќен што слушнам за Сами Вањиру. Тој беше легенда и се уште млад.

Британскиот тркач на долги патеки Мо Фарах твитна [6]:

Многу е тажно што слушнам за Сами Вањиру. Тој беше легенда и се уште млад

Нерај Бушан, блогер и новинар со седиште во Индија, го кажа следното [7]:

Само ако разбереше дека и животот е исто така маратон и го освоеше. Почивај во мир, младо момче.

Кенија Спорт [8] оддаде пофално признание, кратко потенцирајќи ги неговите поголеми достигнувања:

Краток период во неговиот живот покажува дека тој стана еден од водечките маратонци од Кенија освојувајќи ја наградата спортист на годината, освојувајќи и кршејќи го светскиот рекорд во полу-маратон во светот. Тој постана првиот Кениец кој победил некогаш на Олимпијадата во Пекинг и во истата година заврши втор на маратонот во Лондон праќајќи предупредувачки сигнали на своите ривали.

Негово поголемо достигнување беше маратонот во Чикаго каде тој победи со стил трчајќи врат до врат во последните неколку милји со етиопјанецот Тсегаве Кедебе. Други поголеми награди:

2008 Награда за Спортист на годината – Кенија

2008 АИМС/АСИЦС Награда за светски атлетичар на годината (спонзорирано од Асиц)

2009 Победник на маратонот во Лондон и Чикаго

2010 Победник на маратонот во Чикаго.

Неговите подвизи му осигураа поголеми спонзорства од Јапонија и исто така хонорари за присуство од 50,000-100,000 американски долари по трка. Кенија Спорт го рангираше како еден од најплатените  спортисти во 2010 година во претходниот напис. Воопшто не знаевме дека ова ќе биде наше последно нешто од него додека е жив.

Кенискиот блогер Mombasa411 [9] изјави дека првичните истраги укажуваат на причината за неговата смрт како последица од расправија помеѓу него и неговата жена:

Омбати рече дека жената на атлетичарот, Триза Њери се вратила дома и го затекнала Вањиру во кревет со друга жена. Го заклучила парот во спалната соба и истрчала надвор. Вањиру тогаш скокнал од балконот, вели тој. Њери и женската придружничка на Вањиру и помагаат на полицијата во истрагата за смртта. Извори посочуваат дека Вањиру го поминал денот пиејќи во паб во Накуру, провинција во Кенија и подоцна се упатил кон дома во Ниахуруру. Дополнително, се вели дека последен пат јадел во местото наречено Тас во градот пред да ја однесе дома проститутката наречена “Марта”. Се вели дека тогаш жена му ги фатила двете љубовни птички пред да избие расправијата помеѓу жена му и кол герлата.

Вестите, исто така, се појавија на насловната страна на Твитер, лесно станувајќи една од главните теми со хаштагот #SamuelWanjiru [10].

Реакциијата на маратонската легенда од Етиопија, Хајли Гебрселасие [11]:

Јас сум тотално шокиран од веста за смртта на Сами Вањиру.

Други корисници на Твитер коментираат:

@ggithu [12]: Олимпискиот шампион Вањиру почина по падот….. Многу тажно, Сами  почивај во мир, ќе ни недостигаш.

@Monecillo [13]:  Шокиран за Вањиру… Тој беше идниот светски првак во маратон, почивај во мир

@Lucykims [14]: Почивај во мир #SamuelWanjiru. Непотребната смрт е најлошата.

CapitalFM_kenya: [15] Жената која го придружуваше #SamuelWanjiru до неговиот дом е барменка која отиде да  земе 13,000 за неплатен долг ~ полиција

@dirtyLuxury (Vivian) [16]: Без разлика на неговиот личен живот, #SamuelWanjiru ќе недостига, тој одлично ја претставуваше Кенија во неговата кариера. Почивај во мир.

@Enigmah_dj [17]: Кога сите зборуваат и сите слушаат, вистината е таа што недостасува #SamuelWanjiru

@wamathai [18]: Почивај во мир #SamuelWanjiru. Ти не беше совршен, ти беше неверојатен.

@maikwambo [19]: Само мисла, треба да му оддадеме почит на #SamuelWanjiru со една минута молк пред спортските настани оваа недела.

Почивај во мир Самуел Вањиру.