- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Палестина: Еруптираат протести против високи цени и невработеност

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Палестина, Владеење, Граѓански медиуми, Економија и бизнис, Младина, Политика, Протест

Се’ повеќе протести [1] се случуваат во палестинските области, посебно во големите градови како Хеброн, Рамала, Витлеем и Наблус. Демонстрантите протестираат [2] против палестинската национална власт, високите животни трошоци и високата стапка на невработеност помеѓу палестинската младина.

Протестите започнаа откако палестинската национална власт изјави дека на Западниот Брег цените на бензинот и нафтата за греење ќе бидат зголемени за 8%, а тоа ќе стапи на сила почеток на септември. Тоа резултираше со нагло зголемување на цените без притоа да се случи и соодветно зголемување на дневниците и платите во палестинските области.

Абан Идрес беше сведок на еден протест во Хеброн и твитна:

@abanidrees [3]: في مدينة الخليل شلل تام في حركةالمرور بعد إحتجاجات اليوم ضد الغلاء والمطالبة بإسقاط حكومة فياض حيث لا تكاد سيارة تتحرك في الشارع
Протестите за пад на владата на Фајад [4] како и против високите животни трошоци сепричина за хаосот во сообраќајот во Хеброн. Колите едвај се движат по улиците.

Блогерот Ола Ал Тамими твитна исто така од Хеброн:

@OlaAlTamimi [5]: شارع عين سارة أكبر شوارع الخليل مغلق بالشاحنات وأجساد الناس .. وبدأت بعض الناس بالتحرك باتجاه مقر الأمن الوطني ومبنى المحافظة
Аин Сарах, најголемата улица во Хеброн е блокирана од луѓе и камиони. Некои протести се придвижуваат во насока на главните простории на институцијата за Национална Безбедност и општинската зграда.

Ола се надоврза:

@OlaAlTamimi [6]:أول مرة بتاريخ الخليل بتصير مظاهرة وما في حدا بنضرب من أجهزة الأمن الوقائي
Ова е прв пат во Хеброн да се случува протест, а да не биде физички малтретиран никој од страна на обезбедувањето.

Палестинскиот активист и сликар Хафез Омар твитна:

@hafezomar [7]:لأول مرة منذ العام ١٩٣٦ يتظاهر الفلسطينيون من أجل لقمة العيش!! العار لمن يريدنا أن ننسى فلسطين جريا وراء رغيف الخبز…
Ова е прв пат од 1936 година да се случи Палестинците да протестираат околу животните трошоци! Срамота за сите оние кои сакаат да ја заборавиме Палестина и да трчаме по векна леб…

Твитер беше преплавен и со хумористични слогани од страна на палестинските демонстранти. Рана Бејкер пишува:

@RanaGaza [8]: من أجمل الشعارات التي رفعت اليوم في فلسطين ضد حكومة ‎‫فياض‬‏ و غلاء الأسعار: “صرت أنزل ع السوق أعمل Like و أروح.” ‎‫‬‏
Еден од најдобрите слогани против владата на Фајад и високите цени: „Во денешницава кога одам во супермаркет, само „лајкувам“ и си одам дома.“

Ламеес Суради фотографирал уште еден слоган:

[9]

@lames7 [9]:أحلى تعليق من نابلس اذا مع الفقرا مش واقفين ولا مع الاسرى واقفين فهمونا ليش بعدكم قاعدين!
Најљубезниот коментар од Наблус: „Ако не сте со сиромашните, не сте ни со затворениците [10]; ве молиме објаснете ни тогаш зошто се’ уште сте на власт?“

Твитер-корисникот ајПалестина твитна за обидот за самозапалување на еден човек по име Хусеин Каваџи:

@PFLP67 [11]: مواطن قام بسكب البنزين على جسده وجسد ابنته البالغة من العمر 5 سنوات وحاول إحراق نفسه لكن المواطنين منعوه بالقوة.
Еден граѓанин се полеа себеси и својата петгодишна ќерка со бензин додека другите насилно го одвраќаа од обидот.

Некои извештаи [12]наведуваат кон тоа дека ќерката на Каваџи боледува од рак и моментално е третирана во Јордан, а тој (татко и’) не може да си дозволи да ја посетува.

Ова не е прв случај на Палестинец кој протестира со самозапалување. На 2 септември во Газа животот го загуби [13] седумнаесетгодишниот Ихаб Абу ал-Нада откако се самозапали, најверојатно имитирајќи го Тунижанецот Мохамед Буазизи [14]. Ихаб Абу ал-Нада престанал да се школува и работел тринаесет часа на ден за само 30 шекели (околу 7 американски долари/6 евра) за да му помогне на татко му во семејните трошоци.

Инцидентот привлече големо внимание, особено по објавувањето на една фотографија од лидерот на Хамас Исмаил Ханија [15] со таткото, кој што беше посетен од Ханиja, кој пак му врачил „итна помош“ од 2000 американски долари по смртта на Ихаб.

Многумина се прашуваат, дали ќе продолжи ова ново движење и дали ќе се рашири и во други села и градови. Џон Линдон праша:

@johnlyndon1 [16]: Самозапалување во Газа, палење на портретот на Фајад во Хеброн; протести во големите градови на западниот брег. Пристигнува ли пролетта во #Палестина со задоцнување?