- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Патувачка изложба го разоткрива полициското насилство во Грција

Категории: Грција, Швајцарија, Граѓански медиуми, Уметност и култура, Човекови права

Мал тим составен од Грци од Цирих [1] одлучи да ја разоткрие полициската бруталност во Грција преку одржување патувачка изложба на фотографии во различни европски главни градови. @Ypopto_mousi твитна [2] линк до постер [3] на неговиот блог [4] (на грчки), што пренесува повеќе информации за напорите на неговите пријатели да го оживеат проектот, како и резиме на случаите на полициско насилство.

Организаторите се обидуваат да мобилизираат фондови за изложбите преку собирање донации преку интернет (crowdfunding [5]). Тие исто така ќе организираат натпревар за студентите по ликовна уметност да започнат мобилна изложба, почнувајќи со Цирих. Целта е да се посочи на феноменот на насилство од страна на грчката полиција, која до август 2008 година е обвинета за најмалку девет инциденти на злоупотреба [6] од Европскиот суд за човекови права.