Патувачка изложба го разоткрива полициското насилство во Грција

Мал тим составен од Грци од Цирих одлучи да ја разоткрие полициската бруталност во Грција преку одржување патувачка изложба на фотографии во различни европски главни градови. @Ypopto_mousi твитна линк до постер на неговиот блог (на грчки), што пренесува повеќе информации за напорите на неговите пријатели да го оживеат проектот, како и резиме на случаите на полициско насилство.

Организаторите се обидуваат да мобилизираат фондови за изложбите преку собирање донации преку интернет (crowdfunding). Тие исто така ќе организираат натпревар за студентите по ликовна уметност да започнат мобилна изложба, почнувајќи со Цирих. Целта е да се посочи на феноменот на насилство од страна на грчката полиција, која до август 2008 година е обвинета за најмалку девет инциденти на злоупотреба од Европскиот суд за човекови права.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.