- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Документирање на новите велосипедски патеки во Скопје

Категории: Источна и Централна Европа, Македонија, Владеење, Граѓански медиуми, Развој

Возење велосипед во Скопје. Фото од „На точак“, објавено со дозвола.

На точак [1] група велосипедисти што го организира движењето „Критична маса“ (Critical Mass [2]) објави видео [3] и фотографии [4] со кои го документираат искуството на возење по велосипедските патеки на неколку булевари во Скопје, реконструирани пред локалните избори закажани за март 2013. Многу од улиците во главниот град на Македонија немаат велосипедски патеки, а дури и пешаците често се присилени да одат по коловозот поради автомобилите паркирани на тротоарите.