Неколку ирански блогери реагираа за едно видео на интернет каде либанскиот лидер на Хезболах, Саид Хасан Насрала [1], изјавува дека Иран нема персиска [2] цивилизација, туку само исламска и дека основачот на Исламската република е со арапски предци.
Афаб нуњз, веб страница од Иран вели [3] [фарси] дека филмот е составен од два дела и изгледа дека говорот на Насрала бил одржан минатата година. Во друг дел од снимката, Насрала, исто така, го пофалува иранскиот режим за придушување на протестите по претседателските избори [4]во јуни 2009 година. Креирана е Фејсбук страна [5] за Ирачани ,,против Насрала” , која има повеќе од 9.000 поддржувачи (сликата погоре е од Фејсбук страната).
Raye Sabz Iran иронично пишува [фарси]:
Г-дин Насрала, дали парите од нафтата што вие ги добивате доаѓаат од арапските куфери? Вие уживате во иранските пари, но ја негирате старата иранска култура… разбудете се
Сајт, исто така, е гневна на Насрела и вели [6]:
,,Само религиските режими можат да му направат илузија за тој да каже такви глупости. Ние, секуларните општества, треба да се обединиме и да објавиме дека сакаме да започнеме политички систем без какви било врски со натприродна сила.”
Азамер пишува [7]:
,,Па, на здравје нека е! Сега точно знаеме што се случува во Иран и кој владее во Иран. Благодариме шеику Насрола за искажување на веќе очигледното. Нашата држава е под окупација на странските узурпатори кои му се закануваат на нашиот идентитет, наследство и култура. Но не биди толку среќен шеику Насрала, Иран се соочил и со полоши узурпатори од тебе и ги претвори во Иранци. Па ниту ти не ќе успееш во тоа. Иран никогаш нема да престане да постои.”