Иран: Онлајн бес против либанскиот лидер на Хезболах

Неколку ирански блогери реагираа за едно видео на интернет каде либанскиот лидер на Хезболах, Саид Хасан Насрала, изјавува дека Иран нема персиска цивилизација, туку само исламска и дека основачот на Исламската република е со арапски предци.

Афаб нуњз, веб страница од Иран вели [фарси] дека филмот е составен од два дела и изгледа дека говорот на Насрала бил одржан минатата година. Во друг дел од снимката, Насрала, исто така, го пофалува иранскиот режим за придушување на протестите по претседателските избори во јуни 2009 година. Креирана е Фејсбук страна за Ирачани ,,против Насрала” , која има повеќе од 9.000 поддржувачи (сликата погоре е од Фејсбук страната).

Raye Sabz Iran иронично пишува [фарси]:

Г-дин Насрала, дали парите од нафтата што вие ги добивате доаѓаат од арапските куфери? Вие уживате во иранските пари, но ја негирате старата иранска култура… разбудете се

Сајт, исто така, е гневна на Насрела и вели:

,,Само религиските режими можат да му направат илузија за тој да каже такви глупости. Ние, секуларните општества, треба да се обединиме и да објавиме дека сакаме да започнеме политички систем без какви било врски со натприродна сила.”

Азамер пишува:

,,Па, на здравје нека е! Сега точно знаеме што се случува во Иран и кој владее во Иран. Благодариме шеику Насрола за искажување на веќе очигледното. Нашата држава е под окупација на странските узурпатори кои му се закануваат на нашиот идентитет, наследство и култура. Но не биди толку среќен шеику Насрала, Иран се соочил и со полоши узурпатори од тебе и ги претвори во Иранци. Па ниту ти не ќе успееш во тоа. Иран никогаш нема да престане да постои.”

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.