- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Средба со Global Voices во Скопје

Категории: Македонија, Граѓански медиуми

Global Voices на македонски има чест да Ве покани на средба на членовите и поддржувачите на Global Voices, која ќе се одржи на 30 ноември (сабота), од 12:00 до 15:00 во ГЕМ клубот [1].

Gvmk-meetup [2]

За време на средбата ќе имате можност да се запознаете подетално со можностите за вклучување во заедницата на Global Voices, но и за можностите за финансирање на мали проекти преку програмата Rising Voices. Настанот има за цел да ја зајакне заедницата во Македонија, но и да ја прошири со нови членови и поддржувачи.

Агендата на настанот е:

12:00-12:30 Зошто сме тука?

12:30-13:00 Запознавање со Global Voices & Rising Voices

13:00-13:30 Кафе пауза

13:30-14:30 Работа во групи (паралелни сесии):

14:30-14:45 Презентација на работата на групите

14:45-15:00 Следни чекори за Global Voices на македонски

За сите оние кои сакаат да присуствуваат на средбата, а живеат надвор од Скопје, би можеле да ги покриеме патните трошоци во висина на повратна автобуска карта.

Доколку сакате да присуствувате, а сигурни сме дека голем дел од вас сакаат, би Ве замолиле да ја пополните оваа форма со цел да имаме подобра слика за бројката на присутни: http://0.mk/GVMeetup [2]

Се надеваме дека голем дел од вас ќе бидат во можност да присуствуваат на средбата. Се гледаме во сабота!