Либија: Слава по потврдувањето на смртта на Гадафи

Оваа статија е дел од нашето специјално известување за побунувањето во Либија 2011.

Либискиот моќник Моамер Ал Гадафи конечно е мртов. После стотина илјади твитови и погодувања помеѓу вестите за него дека е фатен, ранет, убиен или сите три заедно, конечно добивме потврда, од либискиот владејачки Национален транзиционен совет, дека тој навистина е мртов.

Султанот Ал Ќасеми од Обединетите Арапски Емирати и Енди Карвин од Ен-Пе-Ер (државното радио) се шегуваат:

@acarvin: И го реанимираат. RT @SultanAlQassemi: особено поради лошиот рејтинг на Националниот транзиционен совет ќе мора да го покажат неговиот леш на јавноста.

Wandgemälde, dass Muammar al Gaddafi zeigt, Frankreich. Image by Flickr user Abode of Chaos (CC BY 2.0).

Слика на ѕидот од Моамер Ал Гадафи, Франција(CC BY 2.0).

 

НТС одлучи да биде внимателен во врска со соопштувањето за смртта на Гадафи, и да чека се додека не биде сигурно дека тој навистина е мртов. Советот претходно имаше објавено дека други членови од фамилијата на Гадафи биле уапсени, за подоцна тие да се појават на вестите и да ги побијат тврдењата на НТС.

Во суштина се чини дека 2011 година е лоша година за арапските диктатори, а добра за народот. Палестинецот Ахмед Шиаб-Елдин забележува:

@ASE: #Гадафи е убиен: Тоа значи 1 убиен, 1 во бегство, 1 хоспитализиран, 1 со изгореници, 1 полуден…покрај другото.

И Ал Ќасеми предупредува:

@SultanAlQassemi: Гледаш ли Башар? Гледаш ли Салех? #Гадафи

Ова се однесува на сириските и јеменските диктатори Башар Ал Асад и Али Абдула  Салех, кои со месеци го убивале својот сопствен народ.

Во меѓувреме продолжуваат прославите насекаде во Либија. Моез од Триполи известува:

@libyanrevolt: луда сцена од веселбата на сите улици во #Триполи – неверојатно! #либија #17.фев

И Али Твил потврдува:

@AliTweel: не, јас сум во Триполи, тука како да има војна од сите пукања за време на прославата. Не може да се опише.

И шегите продолжуваат понатаму.

Различниот праавопис за името на Гадафи и понатаму е база за шеги. Ди-Џеј Икспект се шегува:

@djxpect: Очигледно е дека Гадафи е сеуште жив…уапсен е. Убиен е Ќадафи. Кадафи сеуште емитува аудио снимки од Сирт.

Насер Ведеди се шегува:

@weddady: Разлеан ботокс? RT @SultanAlQassemi: ударна фотографија од убиениот Гадафи http://mun.do/p5pzgA via @Suanzes:

И Том Гара заклучува:

@tomgara: Гадафи, уловен како животно, откако тој вети дека ќе ја улови опозицијата како животно, е најдобрата случка во 2011.

Во долгите говори, Гадафи го нарекуваше својот народ животни и глодари.

За падот на Сирт, последното засолниште на Гадафи, беше известено пред само неколку часа. Триполи, либискиот главен град пред два месеци падна во рацете на бунтовниците, а либиската револуција започна на 16. февруари, еден ден пред закажаниот почеток на 17. февруари.

Оваа статија е дел од нашето специјално известување за побунувањето во Либија 2011.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.