- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Авганистан: Кабул банката на работ на банкрот

Категории: Централна Азија и Кавказ, Авганистан, Владеење, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Економија и бизнис

[1]Финансиската криза не е луксуз кој е резервиран само за богатите земји. Приказната за Кабул банка [2] во Авганистан е желба за богатство и загуба на пари за сиромашните. Банката што е делумно поседувана од братот на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, е на работ на колапс од 1 милијарда долари [3]. Илјадници луѓе повлекоа над 200 милиони долари минатата недела, додека пак на други им беше забранет пристап до банката од страна на вооружените стражари.

Банкарството на Карзаи

Хуан Кол, американски историчар и академик кој пишува блогови за Авганистан и Блискиот исток, пишува [4]:

Приказната започнува со Шеркан Фарнуд, финансиер кој ја основал Да Кабу банка по падот на талибанскиот режим. Со текот на годините, изгледа дека ги искористил институциите за заштита на политичари и нивните семејства. Минатото лето, Фарнуд дал милиони за претседателската кампања на Хамид Керзаи, кампања за која Керзаи се обвинува дека победил преку голема измама со гласачките ливчиња. (помош: во Авганистан да се купи глас не е скапо, и ,,милиони” би купиле многу). Другиот главен менаџер во банката, Калилу-лах Фрози, беше советник за време на кампањата на Карзаи. Братот на Хамид Карзаи, Махмуд има удел од 9% во банката… Владата на Карзаи е корумпирана и изгниена до самата срж. Ниеден американски војник не треба да умре за да го поткрепи тоа.

Паиман Маједи, блогер од Авганистан пишува [5] [фарси] дека братот на претседателот Махмуд Карзаи и заменик на авганистанскиот претседател, Хусеин Фахим, се важни акционери во банката.

Јас отидов до банката. Беше преплавена со луѓе кои сакаа да си ги повлечат парите. По долги часови чекање ми рекоа да дојдам утре… Доколку владата и авганистанската централна банка не интервенираат брзо, Кабул банката ќе банкротира… Оваа криза ги покренува грижите за активностите на приватните банки во Авганистан.

Авганистанска економија, блог кој ги покрива економските вести во Авганистан пишува [6] [фарси]:

Колапсот на Кабул банката може да ја поткопа војната против Талибанците. Банкротот на оваа банка може да и наштети и на приватниот сектор и инвестициите во Авганистан. Борбата за да се зачува оваа банка продолжува од приватниот сектор до претседателството…

Махмуд Хакими, авганистански блогер и новинар, пишува [7] во овој блог, Табарганак [фарси]:

… Луѓето прашуваат, доколку авганистанската влада гарантира за банката тогаш кој ќе гарантира за луѓето? Стотици одат во Кабул банката за да ги повлечат парите… Илјадниците луѓе со одредена надеж ги вложија нивните пари во банката, кога слушнаа дека менаџерите на банката купија луксузна куќа во Дубаи со нивните пари, станаа дури и многу позагрижени.