Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Експериментот на Фејсбук наречен „Истражувај низ aктивностите“ нанесува штета на малите бизниси, невладините организации и политичките групи во Камбоџа

Интернет-кафуле во Сием Реап, Камбоџа. Фотографија на Фликр од Мелиса Гира (CC BY-NC-ND 2.0)

На 19 октомври 2017, Фејсбук започна со тестирање нов систем за нивниот ѕид за новости во Шри Ланка, Боливија, Словачка, Србија, Гватемала и Камбоџа.

Во експериментот, корисниците на Фејсбук гледаат написи само од нивните пријатели (покрај спонзорираните содржини) на нивниот вообичаен ѕид за новости. Новостите од медиумите, невладините организации, политичките партии и други групи кои тие ги следат на Фејсбук нема да се појавуваат освен ако тие не кликнат на ново копче, наречено „Истражувај низ активностите“ [Explore Feed].

Сопствениците на Фејсбук страници мора да платат доколку сакаат нивните содржини да се промовираат на редовниот ѕид со новости.

Овој експеримент драстично го намали бројот на посетители и ангажирања на Фејсбук страниците, особено онлајн активностите на малите бизниси, невладините организации и политичките групи кои не можат да си дозволат да платат за промовирање содржини.

Адам Мосери, директор на ѕидот со новости на Фејсбук, објасни зошто компанијата го спроведува овој експеримент, кој се очекува да трае неколку месеци:

We always listen to our community about ways we might improve News Feed. People tell us they want an easier way to see posts from friends and family. We are testing having one dedicated space for people to keep up with their friends and family, and another separate space, called Explore, with posts from pages.

The goal of this test is to understand if people prefer to have separate places for personal and public content. We will hear what people say about the experience to understand if it’s an idea worth pursuing any further.

Ние секогаш ја слушаме нашата заедница за начините на кои би можеле да го подобриме ѕидот со новости. Луѓето ни велат дека сакаат полесен начин да ги гледаат написите од нивните пријатели и семејството. Ние тестираме како е да се има еден одделен простор каде луѓето ќе бидат во тек со активностите на нивните пријатели и семејството, и друг одделен простор, наречен „истражи“, со написи од страниците.

Целта на овој тест е да се разбере дали луѓето преферираат да имаат одделни места за приватни и јавни содржини. Ние ќе слушаме што ќе кажат луѓето за искуството за да разбереме дали е ова идеја која вреди да се турка понатаму.

Во Камбоџа, експериментот се чини дека доведе до големо намалување на посетеноста на неколку Фејсбук страници во сопственост на новински агенции, онлајн продавници, невладини организации и политички партии. Според последните извештаи, Фејсбук страниците во Камбоџа измериле намалување и до 60 проценти кога станува збор за посетителите и ангажираноста по воведувањето на копчето „Истражувај низ активностите“.

Експериментот на Фејсбук доаѓа во тензичен момент во Камбоџа, каде владеачлата партија се соочува со обвинувања дека ја замолчува опозицијата, независните медиуми и невладините организации во пресрет на парламентарните избори во 2018 година. Ненадејното исчезнување на написи од независните извори на вести и опозиционите партии од ѕидовите со новости на корисниците на Фејсбук од Камбоџа го заостри проблемот.

Камбоџа има речиси 5 милиони корисници на Фејсбук од вкупно 15 милиони граѓани. Според една анкета спроведена во 2016, беше откриено дека повеќето Камбоџанци сега ги добиваат своите вести од Фејсбук.

Џејми Гил, хонорарен советник за комуникации кој работи со неколку невладини организации, го сумираше влијанието на експериментот на Фејсбук во Камбоџа:

By slicing news out of people’s feeds and sending it to a content graveyard where stories are buried, Facebook has cut off a source of information for millions of Cambodians. With a pivotal election rapidly approaching, it’s a worrying time for such an experiment.

The big international NGOs just gained another advantage in the battle for awareness and funds. They already have the money to spend substantial amounts promoting posts on Facebook; now they’ll be even more prominent in newsfeeds. Not so for smaller NGOs.

Со „отсекувањето“ на вестите од ѕидот за новости на секој корисник и праќањето на „гробишта“ за содржини каде вестите ќе се закопаат, Фејсбук отсече извор на информации за милиони жители на Камбоџа. Како што клучните избори брзо се наближуваат, времето за ваков експеримент е загрижувачко. Големите меѓународни невладини организации само што добија уште една предност во битката за видливост и финансирање.

Тие веќе ги имаат парите за трошење големи суми за промоција на написи на Фејсбук; сега тие ќе бидат уште повидливи на ѕидовите со новости. Што не е случај со помалите невладини организации.

Тарум Бун, аналитичар на социјални медиуми, напиша дека обичните корисници на Фејсбук во Камбоџа веројатно не го забележале експериментот на Фејсбук:

I think the majority of Cambodians may not notice this tweak. What matters is that they still see that Facebook is working and feeding them the content they want to consume. If the social networking site were having a one-hour downtime, the public will get angry much more than this introduction of the Explore Feed.

Мислам дека е можно мнозинството жители на Камбоџа да не ја забележат оваа промена. Она што е важно е дека тие гледаат дека Фејсбук функционира и ги снабдува со содржини кои тие сакаат да ги конзумираат. Ако оваа друштвена мрежа е недостапна еден час, ќе го навлече гневот на јавноста многу повеќе отколку со воведувањето на „Истражувај низ активностите“.

Но дури и ова да е така, експериментот на Фејсбук лиши многумина од информации и им го отежнува процесот на групите со ограничени средства да ги промовираат нивните содржини на овој популарен друштвен медиум.

Експериментот исто така би можел да ги поткопа иницијативите на друштвените медиуми на невладините, независните медиуми и политичката опозиција. Овие групи се потпираа на Фејсбук во минатите години за да се спротивстават на пропагандната машинерија на владеачката партија која е на власт повеќе од три децении.

Од Фејсбук допрва ќе излезат со изјава за резултатите од нивниот експеримент.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.