- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Видео: Светот го обележува паѓањето на Берлинскиот ѕид

Категории: Западна Европа, Латинска Америка, Северна Америка, Германија, Кипар, Мексико, САД, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Закон, Историја, Политика, Протест, Филм, Човекови права

Берлинскиот ѕид од Натали Мејнор

Берлинскиот ѕид од Натали Мејнор

Денеска е 20-тата годишнина од паѓањето на берлинскиот ѕид [1], комплексна безбедносна структура којашто некогаш ги делеше Источен и Западен Берлин во Германија. Денес, ние прикажуваме неколку од видеата кои беа поставени ширум планетата, за да се обележи овој датум и да се покаже што значеа бариерите не само во Германија, туку и низ целиот свет.

Во Германија, серија на гигантски домино парчиња од стиропор беа изградени за да бидат стопени, за да се означи крајот на студената војна. Ова видео од NoCommentTV [2]ги покажува домината кои беа обоени од деца во Германија [3] и од уметници кои живеат во области каде поделбите и ѕидовите [4] беа подигнати. На ова друго видео, чијашто опција за вметнување (embed) беше затворена, може да видите како се топат домината со кликање на овој линк на страната на YouTube. [5]

Во Колумбија [6], студентите го прикажаа паѓањето на ѕидот, со тоа што се менуваа во кршењето на бетонска плоча:

Од Германија, поддржувачот на топење домина, Annodomino2007 [7] постави видео како негово лично оддолжување за падот на ѕидот и прославата од 10-годишнината по тој повод, што ја започна неговата страст за домина:

Во САД [8], студентите изградија реплика на берлинскиот ѕид кој може да се опише како начин за подигање на свеста:

Од Мексико, VarinVxx постави видео [9] прикажувајќи друг ѕид кој сè уште стои:Не е Берлин, не е Палестина туку е Ѕидот на срамот на границата меѓу САД и Мексико :

Криста Шилер [10]исто така прави споредба меѓу ѕидот во Мексико и берлинскиот ѕид, но во овој случај, не се задржува само на миграцијата на луѓето туку се осврнува и од гледна точка на зачувувањето на дивиот свет:

Овој обид за документарец од Ziashere [11] ни прикажува како некои ѕидови сè уште стојат. Во овој случај во Ирска:

Последното видео е старо 2 години но е сè уште релевантно: adamfilmaker [12] интервјуира млади луѓе од северот и југот на ѕидот во Никозија на Кипар, кој е зелена зона во која патролираат сини шлемови-сили на ОН; тој ги дели турските и грчките Кипрани и го заслужува името последниот поделен главен град на светот. [13]

Фотографија од Натали Мејнор [14] објавена според дозволата на Криејтив Комонс.