Денеска е 20-тата годишнина од паѓањето на берлинскиот ѕид, комплексна безбедносна структура којашто некогаш ги делеше Источен и Западен Берлин во Германија. Денес, ние прикажуваме неколку од видеата кои беа поставени ширум планетата, за да се обележи овој датум и да се покаже што значеа бариерите не само во Германија, туку и низ целиот свет.
Во Германија, серија на гигантски домино парчиња од стиропор беа изградени за да бидат стопени, за да се означи крајот на студената војна. Ова видео од NoCommentTV ги покажува домината кои беа обоени од деца во Германија и од уметници кои живеат во области каде поделбите и ѕидовите беа подигнати. На ова друго видео, чијашто опција за вметнување (embed) беше затворена, може да видите како се топат домината со кликање на овој линк на страната на YouTube.
Во Колумбија, студентите го прикажаа паѓањето на ѕидот, со тоа што се менуваа во кршењето на бетонска плоча:
Од Германија, поддржувачот на топење домина, Annodomino2007 постави видео како негово лично оддолжување за падот на ѕидот и прославата од 10-годишнината по тој повод, што ја започна неговата страст за домина:
Во САД, студентите изградија реплика на берлинскиот ѕид кој може да се опише како начин за подигање на свеста:
Од Мексико, VarinVxx постави видео прикажувајќи друг ѕид кој сè уште стои:Не е Берлин, не е Палестина туку е Ѕидот на срамот на границата меѓу САД и Мексико :
Криста Шилер исто така прави споредба меѓу ѕидот во Мексико и берлинскиот ѕид, но во овој случај, не се задржува само на миграцијата на луѓето туку се осврнува и од гледна точка на зачувувањето на дивиот свет:
Овој обид за документарец од Ziashere ни прикажува како некои ѕидови сè уште стојат. Во овој случај во Ирска:
Последното видео е старо 2 години но е сè уште релевантно: adamfilmaker интервјуира млади луѓе од северот и југот на ѕидот во Никозија на Кипар, кој е зелена зона во која патролираат сини шлемови-сили на ОН; тој ги дели турските и грчките Кипрани и го заслужува името последниот поделен главен град на светот.
Фотографија од Натали Мејнор објавена според дозволата на Криејтив Комонс.