Видеото, ставено на ЈуТуб, на младиот Зек од Брунеј, на кое тој ја моли својата девојка за прошка, стана популарна тема на општествените мрежи уште од 18-ти август. Видеото привлече повеќе од 41,000 посетители во рок од три дена. На Фејсбук, на Твитер и на самото видео на ЈуТуб фрчат коментари од луѓе кои сочувствуваат со младичот. Но, исто така има и коментари на кои се искажува гадење кон целата оваа видео епизода.
Во продолжение следи популарното видео од ЈуТуб
Мај7тхлиф го објаснува популарното видео.
Ова извинувачко видео за неговата девојка беше направено од мештанин наречен Хазик (познат како Зекзек) предизвика голема бука на Фејсбук и Твитер. Кога првпат го гледав видеото, го гледав помалку од една минута и морав веднаш да го споделам со мој пријател и да го гледаме заедно бидејќи не можев да издржам да го догледам сам.
Исто така, морав да го паузирам речиси на секоја минута бидејќи ми беше тешко да се смеам и да гледам во исто време. Зачудувачки Зекзек многу добро се соочува со ситуацијата. Прифаќа покани за пријател од непознати на Фејсбук, кои ја исмеваат неговата „храброст“, но тој е сепак рамнодушен.
Наводно, тој пред месец дена го објавил своето видео на ЈуТуб, но тоа станало прекуноќна сензација синоќа! Тој го избришал видеото, но некој го презел и повторно го објавил. Мислам дека тој се откажал и само чека сето ова да помине, иако сметам дека ќе треба да поминат месеци за во Брунеј да се заборави на скандалот.
Мислам дека на ова видео се гледа со потсмев бидејќи тој се нарекува „маженце“, а својата бивша девојка ја нарекува „Принцеза на земјата“.
СКТБ нацрта стрип базиран на популарната изрека од видеото: ‘Нда Кали Ваи’ што значи ‘Не е смешно!’ РаноАдидас смета дека видеото влезе во интернет историјата во Брунеј.
…Зек е новата сензација во создавањето. Тој е дефинитивно новиот Џастин Бибер од Брунеј и моментално никој од Брунеј не може да ја надмине популарноста што ја има Зек на интернет.
Неговата порака до Зак:
Имав измешани реакции, на моменти сакав да ти честитам, но ме полуде начинот на кој чувствата се изнесени. Од страна на факторот занимливост, ти давам 5 +, гледаноста зборува сама за себе. Навистина си храбро момче штом се соочуваш со сето ова внимание (добро или лошо) зошто секако, ти доаѓаш од Брунеј каде луѓето само зборуваат, оговараат, брмбљаат…Запомни другарче, славата си има цена, зависи од тоа како се справуваш со неа и покрај се ова е процес на учење. Не можеш да ги задоволиш сите.
РаноАдидас исто така го интервјуираше Зек со цел да ја дознае приказната која стои позади видеото:
РА: Колку долго беше објавено видеото на интернет?
Зек: Ова видео беше објавено претходниот месец, но беше наменето за приватна употреба. Но некој успеал да го симне и да го објави пред два дена.
РА: Дали примаш многу пораки од женски?
Зек: Не, но многумина ми пратија порака на Фејсбук и сочувствуваа со мене.РА: Како се справуваш со негативните коментари?
Зек: Негативните коментари? Рамнодушен сум на нив. Можеби некои беа навистина дрски, но не се замарам. Не сум јас тој што го прошири видеото. Јас сум ти повеќе како жртва.РА: Па како е да се биде во центарот на вниманието?
Зек: Хаха.. како во сон. Едноставно не знам што да кажам…РА: Па која ти е омилената изрека од видеото?
Зек: Омилена ми е „Принцеза на земјата“
Хумористичниот и популарен блогер Курапак исто така го дискутира феноменот на ова видео во неговиот објавен текст-Принцеза на земјата. Во меѓувреме, Брунеј Лајфстајл го опиша видеото како најдоброто реално шоу во Брунеј.
„Почит за Зек – Моето извинување“ кој предизвика Брунејците до бескрај да дискутираат на видеото. Целото мое семејство, почнувајќи од мајка ми па до нејзиното најмладо внуче, се собраа пред малиот екран како да чекаат официјално соопштение на резултатите од забележувањето на месечината и го гледаа видеото. Сметам дека ова е најдоброто реално шоу од Брунеј. Никогаш не сум видел толку искрена фаца на момче додека се извинува.
ТигерЛим, кој тврди дека е „најдобриот блогер со расипан англиски“, го потсреди видеото и го скрати на 6 минути па додаде англиски превод бидејќи многу од изреките беа пренесени на Бахаса Мелауи (малајски). Видеото може да се види тука.
Соулеконексен сака да воспостави контакт со Зек и да биде негов менаџер:
„Како да воспоставам контакт со Зек? Ќе бидам негов менаџер и ќе го направам ѕвезда! На него му треба добар менаџер! Смешки!!“
На Твитер, мојот одговор на прашањето дали другите гледаат со разбирање на човек кој е сингл, а се обраќа себе си со маженце додворувајќи се на девојка:
снрпабло: Што е со немажени момци кои се нарекуваат себе си МАЖЕНЦЕ????
Во рок од неколку часа, на ова прашање на Твитер беше одговорено од дозина мештани. Емагудег напиша како користењето на ‘маженце’ создава општествена дилема.
Аникинс36: Господе, тоа е вистина Аникинс, дури и кога мора да го скратам сакан мажу, во ‘маженце’ на Твитер по малку се згрчувам. хаха
Естеилиха: Она што најмногу ме нервира е кога немажени момчиња си се обраќаат со ‘маженце’ . Дали е ова модерно? Толку ли сум стара и неинтересна??
Истото прашање го поставив и на Фејсбук и добив интересен одговор од наставничка која е исто така загрижена за моменталниот тренд на немажени момчиња да се нарекуваат себе си ‘маженце':
Ирена: 200% се сложувам со вас на оваа тема!!! Моите ученици (некои од нив) меѓусебно се нарекуваат маженце!! Предизвик ми е да се справам со овие ‘млади возрасни’, како што сакаат секојдневно да им се обраќаме (??!!??), но многу незрело во моментов. И јас имам деца кои се во период на растење, но нивото на зрелост од година на година станува се пониско и пониско!!! Огромна разлика со учениците на кои им предавав во 90-тите и рано во 2000-тата. Сметам дека овие млади луѓе треба повторно да бидат школувани! хехе
Некои луѓе од Наси Каток продукција направија видео со одговор, Зек. Тие напишаа:
посветено на Зек Зек Каачхингс, од НКП. секогаш ќе те поддржуваме братче. Каачхингс до крајот!
Во рок од еден час, друга видео песна посветена на Зек се појави на Фејсбук. Исира Фикри Осман ја направи посветената песна.
Популарното видео на Зек е споредувано со видеото на Ачаи - млад војник кој посвети песна на својата девојка, Аку Бана бана кан кау!! (Сериозен сум со тебе). Без сомнение, Зек е сега најновата прекуноќна сензација во Брунеј.