Кина: Ли Ганг ми е татко!

„Ли Ганг ми е татко!“, стана најпопуларна фраза на кинескиот интернет во последните неколку денови.

Најпрвин, би можеле да запрашате, -Кој е Ли Ганг? Ли Ганг е заменик директор на полицијата во западната област на градот Боадинг, во провинцијата Хебеи.

На 16-ти октомври во Универзитетот Хебеи се случи сообраќајна незгода во која загина една студентка. Според сведоците, автомобилот удрил две девојки кои возеле ролери во кампусот, но возачот не застанал туку продолжил кон женскиот интернат за да ја остави својата девојка. На крајот, лицата од обезбедувањето на училиштето и студентите го блокирале влезот на кампусот и барале од возачот да излезе од автомобилот. Наместо да покаже некаков знак на каење, возачот Ли Киминг се развикал на разлутената толпа „Слободно, тужете ме, Ли Ганг ми е татко!“. Местото на сообраќајната незгода е прикажано на сликата подолу:

Какво е индиректното значење на оваа реченица: „Ли Ганг ми е татко!“? Многу корисници на интернет во Кореа тврдат дека се работи за ароганцијата на децата на владините службеници, тие лесно можат да се извлечат од било каква грешка или криминален прекршок кој ќе го направат. Тие се иритирани од ваквата наследна корупција и го изразија својот гнев онлајн. Најголемиот хит за овој инцидент е следниов видео спот:

Текстот е напишан од 司文痞子, корисник на популарниот форум МОП „ MOP“:

“横行路中央 轿车轻飞扬
黄土地里养育着咱那霸道的爹娘
平凡的模样 可咱爸是局长
只手遮天的大树 还有神秘的力量
我爸叫李刚 公共安全专家局里副局长
撞死人了又怎样
谁让我爸是局长 我爸叫李刚
撞死人都不用离岗
这是为什么呢 因为我爸是局长
撞人后的那个鲜血哟 红个艳艳个艳
如果飙车能够带走我的校友 就让她随风飘远„

Возилото лета по средината на патот,
Моите родители се чеда на оваа татковина.
Лицето ми е обично, но татко ми е директор на биро.
Тој е како големо дрво, со рака небо покрива, а има и мистериозна моќ.
Ли Ганг ми е татко, заменикот директор на Јавна безбедност.
Некој загинал, па што?
Господ го направи директор на биро, Ли Ганг ми е татко,
Некој загинал но тоа нема да влијае врз нашата позиција, Зошто?
Па татко ми е директор на биро,
Крвта од несреќата е толку црвена и светла,

Ако од мојот разјуран автомобил не дипломирам, тогаш таа нека лета.

Текстописецот ја објаснува неговата идеја и мотивација за оваа песна на форумот:

“昨天看到河北官二代撞死人的新 闻非常气愤,前有富二代七十码,后有官二代爹救驾,当肇事者撞死人之后并没有去管被撞的女生怎么样而是还在责怪把他的车撞成什么样,看到这里我愤怒了,一 条鲜活的生命在他的眼睛里还比不上一辆没有生命的汽车,可见那个官二代感情淡漠到已经不在人类范畴之内了,更可气的还是撞死人之后竟然可以淡定的继续去接 自己的女朋友,当保安拦住时竟又脑残地高喊:“我爸是李刚!”,这让我想起了《西游记》里那句喊出“齐天大圣”就可以逢凶化吉的咒语,可惜你爸不是孙悟 空,你爸只是个某局的副局长,能够在这样危机时刻喊出这样咒语的我们应该想象得到以前这句话是多么的威力无比,你喊这话因为那是在你爸的地盘,但是你低估 了舆论的力量,这不知天高地厚倒霉的孩子,你的一句可笑的话不仅断送了你自己,你爸也是在劫难逃,若是你能低调的形势也许你这句咒语还能再用上个三年五 载,但是至你喊出来之后你的这句密语已经失效了,别说你爸只是个副局长,就是再大的官职在强大的舆论面前也保全不了你,全国人民一人一口唾沫足以淹死你, 这句话也有可能能成为今年最流行的一句网络语言。„

Вчера, ја прочитав веста за синот на владин службеник кој прегазил две девојки и притоа предизвикал една смрт. Бев многу лут. Претходно имавме ист ваков случај, а сега уште еден сличен. Нему не му беше гајле за девојките кои ги прегазил, туку дури и ги обвинил дека му го оштетиле автомобилот. Многу сум лут. Живо суштество не се споредува со неговиот автомобил. Рамнодушноста на синот на функционерот не е човечка. И тоа како да не било доволно, откако ги прегазил девојките, без никакви чувство на вина тој си продолжил кон интернатот каде требало да се најде со својата девојка. Кога бил запрен од обезбедувањето, моронот извикал –Ли Ганг ми е татко!. Сцената ме потсетува на филмот “Western Journey”: во кој ако некој сака да се спаси треба да ги каже волшебните зборови “Holy monkey”. Сепак, татко ти не е никаков „свет мајмун“, тој е само заменик директор на некое полициско биро. Но самото тоа што тој избрал да ги извика овие „волшебни зборови“ покажува дека тие имаат голема моќ. Ти го извика тоа затоа што таа област е под надлежност на татко ти. Меѓутоа, си ја потценил моќта на јавното мислење. Ти глупаво детиште, со оваа не само што ќе ги трпиш последиците ти, туку и татко ти ќе ти се придружи. Да си бил потивок за тоа кој си, можеби „волшебните зборови“ ќе ти потраеле уште неколку години. Штом ги извикаш гласно, тие престануваат да бидат волшебни. А да не споменувам дека татко ти е само заменик, дури и да имаше повисока функција немаше да може да те спаси. По една плунка од сите во земјава може да те удави и веројатно оваа фраза ќе стане најголем хит годинава.

На 20-ти октомври, корисникот на форумот „MOP“, „Asshole wetman“ објави јавен повик за пишување на поезија под насловот: „Ли ганг ми е татко!“. Досега има повеќе од 350 творби. Нај распространети се преработките на „Мисли во мирната ноќ“ (Thoughts in a Still Night), поема од Ли Баи – поет од династијата Танг. Подолу е една преработена верзија:

“床前明月光
疑似地上霜
举头汪保安
我爹叫李钢„

Сјајната месечева светлина пред мојот кревет,
Како слана послана на земјата.
Ја подигам главата да се развикам на стражарот,
Ли Ганг ми е татко.

Покрај песните и поемите, има кратки приказни и слики инспирирани од оваа фраза. Еден пример е замислен разговор меѓу двајца кои чекаат ви ред за јадење.

-Дај ми повеќе ориз, Ли Ганг ми е татко!
Проклетство, зошто Ли Ганг не ми е татко и мене?!

Друга широко распространета фотографија е рекламата: Татко владин службеник на продажба!

И додека настанот се шири на интернет во различни форми, управата на Универзитетот Хебеи почна да ги притиска студентите да бидат потивки за целата работа. Според познатиот новинар и микро-блогер Ванг Кекин, многу од студентите кои биле сведоци на настанот биле повикани на разговор во универзитетската управа. Сега стана многу потешко за новинарот да ја изнајде и ископа вистината. Сепак тој успеа да собере неколку коментари од студентите.

“河北大学同学的声音之一,有同学给我的留言如下:“现在学校不让我们说这件事情,所以目击者很难找,因为他们一旦向记者透漏什么事情,学校知道后肯定会对说的学生做出处分的,谁都会害怕,所以学校里的目击者都只能什么也不说。”„

Анонимната изјава на студент 1: „Сега откако универзитетот не ни дозволува да даваме коментари за инцидентот, стана многу тешко да се бараат сведоци. Кога би кажале на новинарите што виделе, универзитетот би дознал и со сигурност би го/ја казнил информаторот. Сите се исплашени и затоа молчат.“

“河北大学同学的声音之二,同学给我留言:“我妈已严令禁止我再管这事,但我没办法让自己的良心受煎熬!晓凤惨白的脸一直在我眼前晃动,我若不管,我怕我会 夜夜被噩梦缠绕!晓凤晶晶都是我所在社团的部员,她们甜甜的叫过我学姐,我没法坐视不理!但,我真的没办法要求那些仅仅是目击人的同学太多”„

Анонимна изјава на студент 2. од Универзитетот: „мајка ми мѝ забрани да го следам инцидентот. Но мојата совест не ме остава на мира. Безживотното лице на Ксиао Фунг продолжува да ме прогонува. Ако молчам, ќе бидам опседната со тоа лице. Ксиао Фунг и Јинг Јинг се членови на мојот клуб, ме имаат наречено поголема сестра порано, едноставно не можам да отстапам. Сепак, не можам да барам премногу од другите сведоци.“

“河北大学同学的声音之三,同学留言说:“我觉得您根本不太清楚现在大学黑暗城什么样了,学校领导就像地方一霸,他们的一句话影响同学考研,入党,毕业,奖学金,答辩等几乎所有问题,有人说高考决定一生,其实大学的校领导更能决定一个人的一生吧。”„

Анонимна изјава на студент 3. од Универзитетот: „Не знаете колку е корумпиран универзитетот денеска. Универзитетската управа е како локалната мафија. Сѐ што ќе кажат тие би можело да влијае на иднината на студентите: дали смеат да продолжат со постдипломски студии, дали ќе добијат дипломи, школарини итн. Луѓето велат дека матурските испити можат да ја одредат иднината на некоја личност, но школските власти имаат уште поголема моќ!“

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.