- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Видео: Ден во животот на еден слеп човек

Категории: Северна Америка, САД, Граѓански медиуми, Уметност и култура, Филм

Томи Едисон е слеп уште од раѓање, а преку YouTube видеа [1] тој ни покажува како се справува со одредени активности кои претставуваат предизвици за него, како на пример: користење на книжни пари, банкомати, DVD плеери и преминување на улиците. Тој е исто така филмски критичар [2] и неговите хумористични критики ни даваат увид за тоа како луѓето со оштетен вид уживаат во животот.

Braille is a tactile alphabet used to make reading accessible for the visually impaired. [3]

Браилова [3] од Ралф Аичингер [4] CCBy [5]

Во неговото последно видео [6] тој ни покажува како преминува прометни улици: во еден случај има звучен сигнал кој му овозможува да знае кога е безбедно да премине, а во друг случај треба да ги открива собраќајните знаци преку звук, и тогаш да се обиде да премине, работа која ја смета за доста застрашувачко искуство:

Г-н Едиосн е исто така филмски критичар. Тој се фокусира на ликовите, дијалозите, музиката и раскажувањето приказни, а преку неговото раскажување ни дава нова перспектива за тоа како слепа личност доживува еден визуелен медиум. Во оваа снимена критика, има делови кога екранот се затемнува додека звукот продолжува што навистина му помага на гледачот да разбере како филмовите изгледаат за слепите лица. Оваа следна снимка е неговата критика без откривање детали од филмот за Х-мен: Прва класа. [7]

Томи Единсон обично оди во кино за филмовите кои тој ги критикува, но тој исто така гледа DVD дома. Меѓутоа, поставувањето на DVD плеер [8] кој му беше продаден како достапен, се покажа како малку покомплицирано отколку што си мислеше. Иако инструкциите за DVD плеерот доаѓаат на повеке јазици,тие не вклучуваат браилово [9] писмо, па за да ја користи својата нова опрема е малку повеќе предизвикувачки.

Следното видео покажува како, иако технологијата се прилагодува на лица со посебни потреби, недостигаат напори како што ќе видиме во следниот пример на користење на банкомат. [10] Како да технологијата сама по себе не е доволно тешка, Томи исто така, треба да се справува со перцепциите на луѓето кои губат трпение бидејќи му е потребно повеќе време да дојде до парите од банкоматот, наменет за луѓе кои гледаат.

А откога Томи ги има парите во рака? Работите не се полесни тука, бидејќи користењето книжни пари [11] бара многу голема организација и доверба во луѓето, бидејки во САД нема начин за слепите да ги разликуваат книжните пари.

Господин Едисон не е сам во неговиот потфат: Бен Черчил [12] ги произведува и режира неговите видеа, а тимот е на неколку социјални мрежи и има интеракција со следбениците: на пример, луѓето предложуваат филмови за слепата филмска критика [2] со оставање на  коментар [13] на неговата страница. Тој е исто така на различни социјални мрежи.