- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Палестински блогер уапсен за критикување на Исламот на Фејсбук

Категории: Палестина, Граѓански медиуми, Адвокс

[1]

Палестинскиот блогер, Валед Халид Хасајин (пишува под името: Waleed Al-Husseini) [2], 26 годишен фризер од Западниот брег, од градот Калкија [3], беше уапсен од палестинските власти за креирање на Фејсбук страна со име „Алах“. Според блогерот Марва Раха [4], страната била пријавена и забранета, но Валед креирал друга страна [1]. Важно е да потенцираме дека други Фејсбук страни кои го носат истото име „Алах“ се сè уште активни тука [5] и тука [6]:

На својот блог „Nour Al Akl [2]“ или Просветлениот ум, тој ги поби сите религиозни аргументи, особено на Исламот, и напиша долг и детален пост за заблудите на религиите. На почетокот на летото 2010, беше креирана Фејсбук страна со име „Алах“ од страна на анонимен корисник. Креаторот на страната го искористил своето добро познавање на арапскиот јазик и креирал неколку поетски строфи кои ги имитираат стиховите од Куранот. Страната привлече многу фанови; имаше такви на кои им се допадна креативноста на авторот, други беа навредени и се придружија во одбрана на нивната религија, додека имаше и такви кои беа само љубопитни.

Според овој извештај [7], работникот во интернет кафето, каде Валед поминувал неколку часа на ден, откако неговата мајка му ја укинала интернет конекцијата дома, ја известил палестинската разузнавачка служба со правење на скриншотови од неговите Фејсбук страни. Неговите онлајн активности биле следени неколку месеци пред тој да биде уапсен во интернет кафето на 31 октомври, 2010 година. Валед сè уште не е осуден. Фејсбук група [8] и петиција [9] беа креирани скоро [10] за поддршка:

Излегоа вести дека Валед е подложен на тортура на местото каде што е задржан и дека неговиот живот е во неизвесност затоа што најверојатно ќе се соочи со смртна казна (во најдобар случај продолжена затворска казна) и плус, лутите муслимански маси ја бараат неговата глава, како што е наведено во нивните коментари на извештаите поврзани со случајот на Интернет. Палестинската разузнавачка служба изјави за медиумите дека ќе биде предложен за воен суд. Неговата правна положба не е јасна и сите докази укажуваат дека тој ќе биде брутално гонет за користењето на своето право за слободно изразување. Случајот на Валед е многу важен бидејќи исто така претставува и гонење на цела малцинска група кои се атеисти и луѓе со слободни размислувања во муслиманскиот свет. Валед има потреба од вниманието на меѓународните медиуми, плус, голема правна помош, која неговите пријатели и поддржувачи за жал не се во можност да му ја дадат.