- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Египет: Интернет слобода во Египет

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Египет, Тунис, Дигитален активизам, Младина, Слобода на говор, Технологија, Човекови права

Тунискиот блогер, Сами Бен Гарбија, објави видео [1] со кое се објаснува улогата на египетската блогосфера во изложување на нарушувањата на човековите права и улогата на социјалната мрежа Фејсбук и платформите за микро-блогирање.

Следува видеото:

Еве што напиша Бен гарбија, кој е уредник на Global Voices Advocacy [2]:

Ова е одлично видео, кое ја објаснува улогата на египетската блогосфера во изложување на прекршувањата на човековите права и улогата на социјалната мрежа Фејсбук [3] и платформата за микро-блогисрање Твитер во организирање на протести и штрајкови, како штрајкот на 6ти април [4] и генералниот штрајк на 4ти мај [5].

Во видеото, меѓу другите, се појавува блогерот и активист Ноха Атеф, уредник на блогот Tortureinegypt.net [6], Галам Аид, извршен директор на Арапската мрежа за човекови права [7], блогерот и новинар Абдел Монем Махмоуд [8] и Фејсбук активистот Ахмед Махер [9].