Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Eгипет на продажба

Објавено е дека секој египетски граѓанин кој е постар од 21 година ќе поседува удел од египетските државни компании и фабрики. Објавата е главна тема во телевизиските емисии, а го најде својот пат и до блогосферата.

Зинобиа напиша статија насловена: „Да ја продадеш својата држава на аукција“ велејќи:

Најпрвин се извинувам за моето недоразбирањето во врска со големото изненадување, или подобро за шокот, за исходот од овогодинешната НДП Конференција. Извинете ја мојата лоша економска информација, но да бидам искрен јас не го сфатив планот на НДП се додека не го прочитав повеќепати во весникот. Го прочитав повеќе пати бидејќи сакав да знам дали е вистинито, дали НДП сака овојпат целосно да ја уништи нашата економија ?

Блогерот ја сумираше објавата вака:

1 – Владата ќе ги приватизира јавните државни компании и фабрики и ќе додели бесплатни акции преку ваучери на сите граѓани.
2 – Тие граѓани се египетските граѓани постари од 21 година.
3 – Парламентот ќе започне да го разгледува овој план наредната недела.
4 – Акциите ќе бидат достапни за пензионерите и вработените во јавниот сектор.

Потоа таа се прашува:

Што е со вработените во приватниот сектор, што е со граѓаните што работат како „фармери“?!

Таа продолжува со сумирањето:

5 – Не е дозволено на странци да ги купуваат овие акции освен ако не се регистрирани на Берзата!

Потоа таа вели на Египјаните:

Сега мои драги пријатели мора да знаете дека овој начин на приватизација – Систем на приватизација со ваучери – беше имплементиран порано во различни земји во светот, но не успеа во сите земји како што требаше.

Се докажа дека е голем неуспех во Русија кога беше имплементиран во 1992 година, таму луѓето ги продаваа своите ваучери за да дојдат до пари без никакво размислување за последиците и на крајот мал број на луѓе купија најголем дел од акциите и дел од тие луѓе беше Руската мафија.

Досега министрите и властите се чини дека не го разбираат проектот ниту планот како што треба; нивните изјави се контрадикторни една со друга – на пример г-н Гамал Мубарак колку што јас се сеќавам рече дека нашите удели како популација на луѓе постари од 21 година ќе достигне максимум Л.Е. 2000 да, 2000!! Министерот за известции Махмуд Мохи Ел-Дин во весниците денес рече дека уделите на граѓаните ќе биде поголем од Л.E. 2000.

Луѓето се повеќе збунети од властите и не сфаќаат како овој план ќе биде добар за економијата и ќе го подобри нивното живеење. Неколку весници како што е Ал Достор и Ал Бадеел ги прашаа луѓето за планот и нивните одговори беа страшливи. Тие рекоа дека ќе ги продадат ваучерите за да набават храна и за да ги платат сметките, додека пак други се прашуваа дали Владата ќе ги продаде Нил и Хај Дам.

Нејзиниот последен збор во врска со ова прашање беше:

Од сега до март многу работи можат да се случат – кој знае!

На Фејсбук, беа креирани неколку групи спротивставувајќи се на предлогот како што е Гамал Мубарак – ние нема да ти дозволиме да го продадеш Египет на Израел (арапски) и Новиот закон за приватизација е замка – бидете предупредени! (арапски)

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.