- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Глобално: Мемиња по повод Рамазан

Категории: Западна Европа, Среден Исток и Западна Африка, Велика Британија, Граѓански медиуми, Фотографија, Хумор
[1]

Типична слика по повод прославата

Со започнувањето на Рамазан [2] речиси во секоја земја во светот, се појавуваат и честитки, кои го придружуваат светиот месец. Од поштенски марки [3] до претседателски пораки, Рамазан е официјално онлајн. Дури и хумористичниот сајт someecards [4] нуди една цела категорија картички за Рамазан [5].

Секоја година, муслиманските веб-махери од целиот свет си разменуваат слики за да го прослават Рамазан. Додека повеќето од сликите се најчесто свечени, како оваа од лево, има и многу хумористични кои го заобиколуваат светот.

Еден стар фаворит, кој повторно се појави годинава, е во форма на плакат, веројатно за студентски настан, кој е поставен на Фејлблог [6]. Плакатот ги поканува студентите да научат за Рамазан, „месец на постот“, на пладне со сервирана храна:

[7]

Блогер Му, одговорен за интернет шегите “Mooslim lolcats”, објави една хумористична слика [8] за да им посака честит Рамазан на своите читатели оваа година, со напис насловен “Ram a dan moo barracks”:

[9]

Уште една слика која го обиколи Фејсбук оваа година ги вклучува имињата на познатите муслимани Tарик Рамадан [10], египетскиот претседател Хосни Мубарак [11], и кошаркарската ѕвезда Карим Абдул Џабар.

[12]

Доколку сакате повеќе хумор за Рамазан на англиски и арапски, погледајте ги постовите на jannah.org [13].