Глобално: Мемиња по повод Рамазан

Типична слика по повод прославата

Со започнувањето на Рамазан речиси во секоја земја во светот, се појавуваат и честитки, кои го придружуваат светиот месец. Од поштенски марки до претседателски пораки, Рамазан е официјално онлајн. Дури и хумористичниот сајт someecards нуди една цела категорија картички за Рамазан.

Секоја година, муслиманските веб-махери од целиот свет си разменуваат слики за да го прослават Рамазан. Додека повеќето од сликите се најчесто свечени, како оваа од лево, има и многу хумористични кои го заобиколуваат светот.

Еден стар фаворит, кој повторно се појави годинава, е во форма на плакат, веројатно за студентски настан, кој е поставен на Фејлблог. Плакатот ги поканува студентите да научат за Рамазан, „месец на постот“, на пладне со сервирана храна:

Блогер Му, одговорен за интернет шегите “Mooslim lolcats”, објави една хумористична слика за да им посака честит Рамазан на своите читатели оваа година, со напис насловен “Ram a dan moo barracks”:

Уште една слика која го обиколи Фејсбук оваа година ги вклучува имињата на познатите муслимани Tарик Рамадан, египетскиот претседател Хосни Мубарак, и кошаркарската ѕвезда Карим Абдул Џабар.

Доколку сакате повеќе хумор за Рамазан на англиски и арапски, погледајте ги постовите на jannah.org.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.