- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Настани за колаборација против корупција

Категории: Латинска Америка, Велика Британија, Полска, Чиле, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Технологија, Мрежа „Технологија за транспарентност“
"Openness and Collaboration" by PSD under an Attribution Creative Commons License  version 3.0 Unported

„Отворенот и колаборација“ од PSD, користена по Криејтив комонс лиценца Наведи извор 3.0

Вмрежени граѓани од целиот свет денеска имаат уникатна можност да создадат глобален фронт против корупцијата преку прифаќање и адаптирање на независни културни слободи. Примената на слободни културни принципи во борбата против корупцијата ја зголемува нивната ефективност и овозможува поинформирани политики и координиран напор во прекуграничните простори и области на интерес.

Како што скорешната 14 Меѓународна конференција против корупција [1] во Тајланд утврди: за да се засили агендата за транспарентност, потребно е да се врати довербата кај луѓето и да се изгради повторно кредибилитет во институциите. Оние што се борат против корупцијата треба да преминат од изразување на политичка волја на конкретни активности. Исто така е значајно да се вклучат младите [2], како што беше назначено од Bunga Manggiasih, еден од меѓународните млади новинари [3] кои соработуваа за да го покријат настанот. Еден од најдобрите мостови за да се поврзат и вклучат младите во користењето – и иновирањето- на технологијата за борба против корупцијата е да се организираат напорите да се поврзат различните заедници и да се преземе акција. Неколку од овие настани се случуваат оваа недела:

Отворен владин дата-камп во Лондон

Каталози за отворени владини податоци [4] му се на располагање на секој граѓанин на Велика Британија, во кои се нуди невидена можност да се постигне поотворен, поодговорен и поефективен пристап против корупцијата и културата на тајност која доминираше во минатото. Отворен владин дата камп [5] ќе се одржи на 18-19 ноември, 2010 година, со претставници од различни држави кои ќе присуствуваат и ќе водат дискусии околу клучните легални, технички и правни проблеми поврзани со откривањето на владините информации. Кампот исто така ќе понуди место за програмери и хакери да прават работи, учејќи едни од други и од своите грешки. Ќе бидете во можност да следите на Twitter (#ogdcamp [6]) и преку белешки/дискусии во живо на сајтот OKF Etherpad [7].

Персонален демократски форум Латинска Америка во Чиле

Како што можете да видите на мапата на мрежата „Технологија за транспарентност“ [8], Латинска Америка е еден од најдинамичните региони во светот, каде што иницијативите за вклучување на граѓаните, промовирањето транспарентност и борба против корупција растат и ги поврзуваат нивните многубројни дигитални жители, креирајќи мост за да разберат подобро како работи нивната влада, зошто транспарентни избори и финансирањата позади политичките партии се значајни и зошто тие треба да се грижат за своите парламенти, меѓу останатите проблеми. Од 18-19 ноември, 2010 година, @PDFLatAm [9] ќе се одржи во Сантијаго, Чиле. Лидерите и активистите на Латинска Америка ќе си споделат новите развои во регионот и ќе учат од своите врсници од проекти базирани во САД, Африка и Европа, вклучувајќи го и претходниот директор на Rising Voices [10] Дејвид Сасаки [11] и кофинансиерот на Ushahidi, [12]Патрик Мајер [13]. Група од автори и преведувачи на Global Voices ќе бидат таму и ќе го споделат својот увид од настанот со вас. Мрежата „Технологија за транспарентност“ во живо ќе твита на шпански за време на настанот на @transparentech [14].

Камп за транспарентност во Полска

Граѓаните кои „дејствуваат наместо да зборуваат“ се во с'ржта на секоја ефикасна и одржлива иницијатива, која вклучува технологија и акции за борба против корупција. Следејќи ги таквите принципи и вклучувајќи лидери од различни држави да ги споделат своите искуства, 150 луѓе со различно потекло ќе присуствуваат на Кампот за транспарентност во Полска [15] во Варшава, Полска. Граѓаните заедно со различни говорници [16] од различни држави и различни позадини, поврзани преку Интернет, ќе работат заедно за да поврзат различни сектори, да генерираат идеи и да ја дефинираат патеката до потранспарентно и одговорно општество во Полска. Ќе може да го гледате настанот во живо онлајн [17] и да го следите истражувачот на мрежата „Технологија за транспарентност“, Силвија Пресли, на Twitter на @presleysylwia [18] за новости.

Отворен дата ден Hackathon

Глобалниот Отворен дата ден [19] Hackathon нуди уникатна можност за собирање на луѓе од целиот свет да дејствуваат за транспарентност преку развивање на апликации со користење на слободните јавни податоци расположливи во нивните држави. Идејата е да се поканат програмери, дизајнери, библиотекари, статистичари и граѓани од секој вид да поминат еден ден работејќи заедно. Настанот ќе се случи на 4 декември, 2010 година и не е доцна да се приклучите на глобалниот напор [20] во вашата заедница.

Сите овие настани нудат можности на граѓаните да се приклучат во технолошко базирани напори за да промовираат транспарентност и одговорност, охрабрувајќи поактивен, повклучен, ефективен дигитален активизам против корупцијата. Ако сте во можност да се вклучите, ве охрабруваме да го направите тоа- иако мрежата „Технологија за транспарентност“ оперира најчесто онлајн, лице во лице контакти со заедници заинтересирани за поотворен и транспарентен свет е често клучно за да овие напори станат успешни.