- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Египетската болница во Баграм

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Централна Азија и Кавказ, Авганистан, Египет, Бегалци, Војни и конфликти, Здравје, Катастрофи, Меѓународни односи, Најважни вести, Хуманитарен одговор

Египет управува со една мала воена болница во Баграм, Авганистан. Печатот штотуку дозна за тоа – и еден блогер се прашува зошто им треба толку време на главните медиуми да известат за такви инспиративни стории.

Јесуз ја постави следната статија како инспирација на нејзиниот блог Чоколаден пеперминт во тегла [1]:

Ал Ахрам го отпечати овој напис [2]денес за египетската болница во Баграм, Авганистан. Тоа е мала воена болница во Баграм којашто лекува авганистански пациенти бесплатно, обезбедува вештачки екстремитети и изведува офтамолошки операции. Водена од Ахмед Ашри, од болница којашто примаше 100 пациенти дневно прерасна во болница којашто го прима и лекува секого што ќе влезе во неа. Ова е прекрасна сторија за тоа што всушност можат да направат Египјаните.

Језус беше вознемирен од тоа како медиумите се поставија спрема оваа вест достојна за почитување:

Написот прво беше објавен од сениор авијатичарот во воздухопловството Џорџ Клутиер за сервисот за вести на американските сили [3] во почетокот на октомври. Зошто на нашите медиуми им беше потребен повеќе од еден месец да известат за нешто толку специјално и инспиративно? И зошто нашата војска не го прави истото и во Египет? Со сета почит кон Авганистанистанците, но на египетските пациенти им е потребна исто толку помош и ја заслужуваат од владата, и тие плаќаат даноци исто така.

На крајот таа вели:

Посакувам да можеме да гледаме повеќе болници како оваа и повеќе луѓе како полковникот, коишто се спремни да одат една милја подалеку за луѓето на кои им треба тоа.