- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Eгипет: Победата на Обама беше очигледна

Категории: Северна Америка, Среден Исток и Западна Африка, Египет, САД, Избори, Меѓународни односи, Најважни вести, Политика

Сега е официјално, Обама е 44тиот претседател на САД и египетските блогери со сигурност имаат измешани мислања за новиот претседател на светот … хм…САД.

Ахмед Дорини овде [1] напиша како победата на Обама беше толку очигледна.

معلوماتي تقول أن هناك مرشحان رئيسيان للانتخابات الامريكية:باراك أوباما وجون ماكين،لكن الأمر الواقع،ومن قلب إحدي
اللجان الانتخابية في نيويورك، يجعلني أقول لكم أن أوباما ينافس نفسه تقريبا.

كل الشباب في اللجان الانتخابية يقولون: أوباما..السيدات الثلاثينيات والاربعينيات يقلن :أوباما..يرتدون التي شيرتات التي تحمل صورته،يتحدثون عن التصويت له كما لو كان أمرا بديهيا.

Колку што знам, имаше два кандидата на изборите во САД, Барак Обама и Џон Мекејн, но во стварноста , и според тоа што видов таму, се чини дека единствен конкурент на Обама беше Обама.

Младите насекаде го извикуваа неговото име, дамите во нивните триесети и четириесети исто така го извикуваа неговото име и облекуваа маици со неговата слика. Тие сите зборуваа како гласањето за него да е очигледно.

Исто и Сара – Еден Долг Пат – овде [2] напиша за добредојде на Обама:

Се надевам дека е искрен и чесен и вистински.
Да се биде првиот Афро-Американски Претседател, значи дека има многу очи кои го гледаат и многу притисок на којшто мислам дека не треба да се предаде.

Додека Мохали овде [3]напиша:

Јас не сонувам дека претседателот на САД ќе се грижи за нас, бидејќи сето тоа е во полза на политиката. Но, навистина сум среќен што Обама го доби претседателскиот мандат бидејќи тој е симбол на некој кој ги предизвика сите, премина преку табуата и загарантираните работи, и беше доволно упорен да ги испланира и постигне своите цели.
Јас го почитувам Американскиот народ кој имаше храброст да осознае дека грешеше последните 8 години и дека е време да ја поправат грешката (67% од државите гласаа за промена)!
Обама навистина е интернационален претседател, роден на Хаваи, има татко Африканец, своето детство го поминал во Азија и е Американски државјанин … татко црнец, мајка белкиња… татко муслиман, секуларна мајка и дете христијанин … реткост е да ги најдеш сите овие работи во една личност.

И конечно „Египјанец“ има различно мислење овде [4]:

Посакувам Обама да паднеш мртов пред да станеш претседател на САД.